Во МВР велат дека нови протести не се најавени. МВР бара Фејсбук да ги затвори групите За и Против објектот на Кале
Ќе се снима нов филм на Скопското Кале, „Македонска Сребреница“ ќе се вика. Ова е една од најавите за нови меѓуетнички судири кои се вртат на социјалните мрежи. Таму можат да се прочитаат многу коментари со говор на омраза и повик за линч. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека нови протести не се најавени, но полицијата ќе ги испита сознанијата и ќе настојува да се минимизираат ризиците. Таа додаде дека полицијата на Кале ќе остане се додека Министертвото цени дека тоа е потребно.
Во меѓувреме единицата за борба против компјутерски криминал при МВР побарала од администраторите на социјалната мрежа Фејсбук да бидат затворени групите и страниците за и против изградбата на музејот-црква на Кале, бидејќи шират омраза и предизвикуваат верска и етничка нетрпеливост. МВР побарала и податоци за лицата кои ги креирале тие групи и страници. Министерството побара посетителите на социјалните мрежи да прекинат со говорот на омраза.
Заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи ни изјави дека ќе се преземат сите мерки за да се не дојде до нови инциденти.
„Нели, протестите се демократски начин на изразување. Ние не можеме да ги спречиме, но сме должни со нашето присуство тие да бидат посигурни за да нема други ескалации, односно да нема инциденти.“
Бучи вели дека доколку има нови протести, слични на минатите тој нема да присуствува, туку Министертвото ќе ги преземе сите мерки, но ќе се потруди како член на ДУИ да придонесе да се смират страстите.
„Како партиски член се разбира дека ќе придонесам за да се смират страстите, да нема ескалации, непотребни протести итн.“
Павле Трајанов од партијата Демократскиот сојуз која е дел од владејачката коалиција вели дека сите партии, особено владејачките, треба да апелираат досите членови да не излегуваат на протести и целата работа ќе се смири за 24 часа.
„Како што има механизам за да ги мотивираат членовите да излегуваат, така да ги мотивираат да не излегуваат. Авторитетот на лидерите на партии, на водството, е огромно кај членството, па и во јавноста, и мислам дека доколку дадат такви инструкции тогаш нема да има потреба од интервенција на полицијата или било кој во државата.“
Потпаролот на албанската опозициска партија Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека единствено владејачките партии можат да ги смират тензиите.
„Мислам дека тоа што може политичка партија како нас да го направи преку јавните настапи, ние и вчера го направивме. Повикувавме на ладнокрвност и побаравме тој што може нешто да направи, како што е владата, да ги запре ваквите проекти. Значи тоа е се што може да направи една опозициона партија бидејќи бензин во оганот полеа владината коалиција.“
Трајанов смета дека одговорноста е кај партии и разни екстремни групи кои се инволвирани во невладини организации.
„Бидејќи кај нас е специфична ситуацијата, има покажување на ’мускули‘ од една или друга етничка заедница, така што сметам дека полицијата треба соодветно да делува, но тоа е крајна мерка кога полицијата интервенира да нема блиски контакти на две спротивставени групи“, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
Груби суспендиран
Холандската државна телевизија соопшти дека по истрагата на Министерството за надворешни работи на земјата во врска со учеството на Артан Груби во инцидентот на Кале, тој е суспендиран од работното место во холандската амбасада во Македонија. Според телевизијата, причината за таквата одлука е бидејќи Груби постапувал спротивно на правилата на амбасадата.
Телевизијата објави и дека амбасадорката Симоне Филипини била повикана на разговор во МНР.
Во меѓувреме единицата за борба против компјутерски криминал при МВР побарала од администраторите на социјалната мрежа Фејсбук да бидат затворени групите и страниците за и против изградбата на музејот-црква на Кале, бидејќи шират омраза и предизвикуваат верска и етничка нетрпеливост. МВР побарала и податоци за лицата кои ги креирале тие групи и страници. Министерството побара посетителите на социјалните мрежи да прекинат со говорот на омраза.
Заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи ни изјави дека ќе се преземат сите мерки за да се не дојде до нови инциденти.
Како партиски член се разбира дека ќе придонесам за да се смират страстите, да нема ескалации, непотребни протести итн.
„Нели, протестите се демократски начин на изразување. Ние не можеме да ги спречиме, но сме должни со нашето присуство тие да бидат посигурни за да нема други ескалации, односно да нема инциденти.“
Бучи вели дека доколку има нови протести, слични на минатите тој нема да присуствува, туку Министертвото ќе ги преземе сите мерки, но ќе се потруди како член на ДУИ да придонесе да се смират страстите.
„Како партиски член се разбира дека ќе придонесам за да се смират страстите, да нема ескалации, непотребни протести итн.“
Павле Трајанов од партијата Демократскиот сојуз која е дел од владејачката коалиција вели дека сите партии, особено владејачките, треба да апелираат до
Како што има механизам за да ги мотивираат членовите да излегуваат, така да ги мотивираат да не излегуваат.