Македонците ја продолжуваат „традицијата“ на своите предци - долгогодишната економска криза и тешкиот живот се уште главни причини за иселувањето на бројни македонски семејства во светот.
Потрагата по егзистенција и подобар живот одведе илјадници македонски семејства во развиените европски и прекуокеански земји. Годишно од Македонија се иселува едно село. Последните поскапувања, лошата економска ситуација, малите плати и лошиот стандард, се главна причина за печалбарската треска во Македонија.
„Навистина е тешко бидејќи со сите овие поскапувања, овие ситуации што се случуваат во државата, плати мали, тешко е да се опстане во ваква држава.“
„Ако се ’распиштолиме‘, за леб ќе нема.“
„Стегаме каиш да преживемее до први.“
„Последните два месеци е посебно голема криза, народот нема пари.“
Бошко Рајчовски е еден од печалбарите кој ја напуштил земјата во потрага по подобар живот.
„Токму денеска навршувам 46 години во Америка кога со куферот во раце, во цутот на младоста, заминав во Америка. Живеам во Флорида преку лето, во зима живеам во Детроит каде што ја стекнав и мојата пензија после 33 години чесно работење во Крајслер.“
Многу граѓани се незадоволни и велат дека се спремни да го следат примерот на Рајчовски.
„Имам две малолетни ќерки и сум во ситуација да заминам уште утре ако најдам соодветна и адекватна работа веднаш би заминал иако имам 50 години.“
„Јас сега брзо се вратив од Франција, каде и да одиш ако нема работа, секаде е криза.“
„Одма со две раце потпишувам, само за подобар живот и подобра плата се разбира.“
Според последниот регистриран број на иселеници од Македонија кој датира од 2006-та година, околу 500 илјади луѓе живеат илјадници километри подалеку од родното место. Според австарлиското биро за статистика, над 80 илјади Македонци живеат и работат во таа земја. Само во 2008-ма година 15 илјади Македонци се преселиле во Италија, доволно луѓе да населат еден помал град. Според италијанското биро за статитсика, таму живеат над 90 илјди македонски иселеници.
Професорот Илија Ацески вели дека и во иднина може да се очекува да продолжи овој тренд на иселување бидејќи веќе подолг временски период економската ситуација не се подобрува. Тој додава дека она што зачудува е фактот дека Источна Македонија е зафатена со исленички бран, иако досега во таа област немало толку изразена печалбарска треска.
„Она што денеска зачудува е тоа што некои делови што никогаш во историјата не биле познати иселување, последниве десет-петнаесет години се изразито подрачје кадешто луѓето ја напуштаат Источна Македонија. Она влијание кое го има, тоа постојано повторување и односно сега веќе всадување на психологија дека немаме иднина, односно дека немаат иднина младите луѓе во Македонија, е стравична работа.“
Ацески смета дека ваквиот проблем може да се реши само со подобрување на стандардот на граѓаните а за тоа како што вели малку ќе почекаме.