Со тридневни чествувања, Охрид ќе го слави името и делото на својот и македонскиот најголем поет и преродбеник од 19 век, Григор Прличев, на 118-годишнината од неговата смрт.
Во организација на општината и институциите од културата и образованието што го носат Прличевото име, промоции, изложби и приредба ќе има во основното училиште, во Центарот за култура ќе бидат претставени најдобрата поема и нејзиниот лауреат, трибина за детските писатели и традиционалната Охридска визита ќе се одржат во Прличевата одаја во градската библиотека, а почит ќе се оддаде на бистите и на гробот на поетот. Прличевите беседи што со извесен прекин имаат континуитет од шест децении, се повод за афирмација на безвремската идеа и борба на Прличев за македонштината, актуелна и денес.
„Како земја, како народ се уште се бориме за своите права, се уште го ја докажуваме својата вистина и Григор Прличев е поттик и инспирација да истраеме во таа насока. Неговото дело и саможртва како човек, поет и вљубеник во својот народ и татковина навистина инспирира. Затоа што тој се откажал од сите почести, можел да живее удобен живот да се школува на прочуениот универзитет „Оксфорд“, да живее во Атина, но сепак да биде слуга на Грците, да оди под нивно влијание. Тој тоа го увидел и се откажал, велејќи, според неговата биографија каде тој самиот напишал, дека има потреба од „мене дома“. Значи тоа е голема жртва на себеси, на личноста, што се става во интересите на својот народ, кој во тоа време е распарчен од различните влијанија, под турското ропство, а навлегуваат грчките, бугарските и српските влијанија“, вели Драгана Боцеска, директорка на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Сспоред неа, Прличев бил осамен во таа борба, што траела цел живот и затоа тој воодушевува како човек и поет, стремејќи се кон совршенството, а останал неразбран во своето време, а можеби и денес.
„Кај Прличев се присутни патриотизмот и сродните теми, како историјата. Во овој дел тој е непознат и можеме да речеме дека во дневната политика тој е занесеник во историјата. Нешто што би имало негативен призвук, а човекот пред се ја имал како мисла водителка татковината“, вели Тоде Илиевски, директор на градската библиотека.
Таму се чуваат столицата и кутијата за списи, оригинални предмети од Прличев.
„Благодарение на институцијата конкурс, во последниве дваесеттина години, на некој начин се врати овој тежок книжевен род бидејќи навистина не е сеедно со близу илјада стихови да се испее тема која што заслужува внимание и може да предизвика интерес не само кај книжевната публика туку и воопшто кај македонскиот ревносен читател“, вели поетот Милован Стефановски, автор на „Адам од Говрлево“.
Нему ќе му биде врачена наградата за најдобра поема „Григор Прличев“, според кого по еден и пол век по овенчувањето на младиот охриѓанец во Атина за поемата Сердарот, неговото ненадминливо дело треба да е цврст темел за одбрана на статусот на Македонскиот јазик. Манифестацијата „Прличеви беседи“ од година во година покажува дека чествувањето на великанот Григор Прличев заслужува повисоко државно ниво и поголема балканска и европска димензија.
Како земја како народ се уште се бориме за своите права, се уште го ја докажуваме својата вистина и Григор Прличев е поттик и инспирација да истраеме во таа
насока.
„Како земја, како народ се уште се бориме за своите права, се уште го ја докажуваме својата вистина и Григор Прличев е поттик и инспирација да истраеме во таа насока. Неговото дело и саможртва како човек, поет и вљубеник во својот народ и татковина навистина инспирира. Затоа што тој се откажал од сите почести, можел да живее удобен живот да се школува на прочуениот универзитет „Оксфорд“, да живее во Атина, но сепак да биде слуга на Грците, да оди под нивно влијание. Тој тоа го увидел и се откажал, велејќи, според неговата биографија каде тој самиот напишал, дека има потреба од „мене дома“. Значи тоа е голема жртва на себеси, на личноста, што се става во интересите на својот народ, кој во тоа време е распарчен од различните влијанија, под турското ропство, а навлегуваат грчките, бугарските и српските влијанија“, вели Драгана Боцеска, директорка на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Сспоред неа, Прличев бил осамен во таа борба, што траела цел живот и затоа тој воодушевува како човек и поет, стремејќи се кон совршенството, а останал неразбран во своето време, а можеби и денес.
Кај Прличев се присутни патриотизмот и сродните теми, како историјата. Во овој дел тој е непознат и можеме да речеме дека во дневната политика тој е занесеник во историјата.