Словенечкиот министер Самуел Жбогар изрази надеж за деблокирање на политичкиот дијалог во Македонија
Загрижени сме од сигналите кои пристигнуваат од Македонија до Брисел, и сметаме дека тие не се добри, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар, по средбата со неговиот македонски колега Антонио Милошоски во Скопје.
„Затоа дојдов овде денеска. Со цел подобро да ги разберам двете главни прашања. Првото е прашањето за името, да чујам до каде се разговорите со Грција. Второто прашање – да чујам какви се проблемите со политичкиот дијалог во земјата.“
Жбогар изрази надеж дека власта и опозицијата ќе најдат начин да се прекине застојот во политичкиот дијалог.
„Секако, ова е дел од внатрешните работи на Македонија, кои што самата земја треба да ги решава. Мојата задача е да добијам одговор и да ги пренесам информациите до Љубљана, Брисел и Вашингтон.“
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, навраќајки се на закочениот политички дијалог, изјави дека власта со своите постапки влијае на угледот на земјава пред Европската унија
„Бојкотот на опозицијата на македонското собрание може да го доведе во прашање не само позитивниот углед на државата во Брисел, туку и позитивната политичка препорака за подготвеноста на земјата за почеток на преговорите за членство.“
Владата е отворена за политички дијалог со секој политички субјект во рамките на институциите, рече Милошоски
„Но, секоја сериозна опозиција знае дека политички легитимните барања треба да бидат предмет на политичкиот дијалог во легитимните државни институции“.
Македонија имаше два добри извештаи од Европската комисија, изјави Жбогар и додаде.
„И секако во една таква ситуација, кога се чека разрешница на прашањето за името за да се отворат вратите кон Европската унија, загрижува кога ќе стигнат вести дека политичкиот дијалог не се одвива, или има проблеми во однос на дијалогот, до степен до кој опозицијата го напушта парламентот.“
По состанокот во Владата, словенечкиот министер за надворешни работи продолжи на средба со лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски.
Реакција на опозицијата
Владата на Груевски во која Антонио Милошоски е министер за надворешни работи е таа што во континуитет го урива имиџот на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Црвенковски, коментирајќи ја изјавата на шефот на македонската дипломатија. На средбата со шефот на словенечката дипломатија, лидерот на најголемата опозициска партија ги образложи причините за напуштањето на Собранието од поголемиот дел опозициски партии, што според него се истите работи кои се споменати во минатогодишниот извештај на Европската комисија. Според Црвенковски, власта врши директен притисок на извршната власт, врз судството и врз медиумите.
Жбогар, пак, изјави дека на денешните средби почувствувал некаква волја за надминување на ситуацијата.
„Се е можно ако има волја од двете страни. Мислам дека е прерано да се донесе каков било суд. Ако има волја од двете страни, јас почувствував некаква волја денеска, тогаш мислам дека решението може да се најде“, изјави словенечкиот министер за надворешни работи.

Загрижува кога ќе стигнат вести дека политичкиот дијалог не се одвива, или има проблеми во однос на дијалогот, до степен до кој опозицијата го напушта
парламентот.