Во Македонија стана пракса секој протест да биде проследен со контрапротест. Денеска протестираат професорите, а контра-протест одржуваат студентите.
На секој протест врати му со контра протест, со ваква девиза се одвива секое јавно кревање на глас на некоја незадоволна група. Денеска на ред се професорите и студентите. Дел од професорите се против измените во Законот за високо образование. Од организацискиот одбор за протести на акдемската фела велат дека сакаат да ја зачуваат автономијата на Универзитетот.
„Тука пред се мислиме на научната слобода на Универзитетот и во втор ред, се разбира, финансиската и институционалната независност на Универзитетот што е практично уставна категорија. Со тоа ние практично го браниме Уставот на Република Македонија“, вели професор Гордан Калајџиев, член на Организациониот одбор.
Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со поддршка на своите колеги од Битолскиот, Штипскиот и на Државниот универзитет во Тетово ќе протестираат за подршка на предложените измени. Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент на универзитетот Св. Кирил и Методиј вели дека предложените измени одат во насока на подобрување на квалитетот на високото образование.
„Преку мирниот протест сакаме да упатиме апел до оној дел на професори кои одамна заборавиле дека нивното место е во предавалните и амфитеатрите, да држат предавања за студентите, значи сакаме да апелираме до нив конечно да се вратат таму каде што им е местото.“
Студентите, пак, од независното студентско движење „Слободен Индекс“застануваат на страната на професорите и сметаат дека предложените измени на Законот за високо образование нема да доведат до реално подобрување на квалитетот на високото образование.
Од друга страна, пак, ректорите на УКИМ, и на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ соопштија дека не ги подржуваат професорите. За нив протестот не е начин да се реагира на измените.
Но, во Македонија стана практика, секој протест да биде проследен со контрапротест. Па се добива впечаток дека земјата е во континуиран протест. Протестираат незадоволните млекари, стечајци, лекари, тутунари, професори, а од друга страна, пак, следи контра-протест, на задоволните земјоделци, жртвите на транзицијата, студенти, група граѓани против лекарите... Аналитичарот Љуљзим Хазири вели дека организирањето на контра-протести е своевиден балкански феномен.
„Таканаречените контрапротести кои се многу штетни за демократската култура во една држава, се со цел да се исполитизира било која иницијатива што се изразува преку протести со цел да се зајакне јавната свест за некој проблем. Мислам дека ги уназадуваат демократските процеси и демократската култура и тоа е одраз на една некултура.“
Практиката, на протести да се одговара со контра-протести започна предминатата година со протестот за изградба на црква на плоштадот Македонија. Тогаш група на граѓани кои сакаа црква на плоштадот се побунија против „неверниците“, а дури дојде и до физички пресметки.
Преку мирниот протест сакаме да упатиме апел до оној дел на професори кои одамна заборавиле дека нивното место е во предавалните и амфитеатрите.
„Тука пред се мислиме на научната слобода на Универзитетот и во втор ред, се разбира, финансиската и институционалната независност на Универзитетот што е практично уставна категорија. Со тоа ние практично го браниме Уставот на Република Македонија“, вели професор Гордан Калајџиев, член на Организациониот одбор.
Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со поддршка на своите колеги од Битолскиот, Штипскиот и на Државниот универзитет во Тетово ќе протестираат за подршка на предложените измени. Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент на универзитетот Св. Кирил и Методиј вели дека предложените измени одат во насока на подобрување на квалитетот на високото образование.
„Преку мирниот протест сакаме да упатиме апел до оној дел на професори кои одамна заборавиле дека нивното место е во предавалните и амфитеатрите, да држат предавања за студентите, значи сакаме да апелираме до нив конечно да се вратат таму каде што им е местото.“
Студентите, пак, од независното студентско движење „Слободен Индекс“
Така наречените контрапротести кои се многу штетни за демократската култура во една држава, се со цел да се исполитизира било која иницијатива што се изразува преку протести со цел да се зајакне јавната свест за некој проблем.