Склучувањето и раскинувањето на договорите меѓу здравствените установи создрава хаос меѓу граѓаните на Куманово.
Со околу стотина приватни здравствени ординации, со Здравствен дом, Брза помош и Ургентен центар, но со потпишувања и раскинувања на договорите за соработка помеѓу нив, кумановското здравство последниот од минатата и првиот месец од оваа година се најде во голем хаос. Пациентите кои имаа потреба од здравствени услуги го извлекоа подебелиот крај, а нервозата од несоодветно промислениот потег на некои од надлежните времено стивна. На потег е Министерството за здравство, а оптимистички најави пристигнаа по средбата на кумановските релевантни фактори и заменик-министерот за здравство, Владо Поповски.
„Продолжуваме со пружањето на услугите во Ургентниот центар се додека ние во Министерството за здравство не понудиме дефинитивно решение, кое веќе е на повидок со заеднички договор со партнерите. Сите ќе бидат вклучени и Ургентниот и Брза помош, бидејќи е период на зголемена фреквенцијаа на сезонски заболувања. Решението е заедничко во обезбедување соодветна служба и обезбедување простор во Здравствениот дом“, вели Владо Поповски, заменик-министер за здравство.
Приватниот лекар д-р Стое Стојмановски, потпретседател на Лекарската комора на Македонија е задоволен од ова решение.
„Ние приватните лекари од ова сме задоволни и се надевам дека за 30 дена најдоцна ќе се најде соодветно решение. Здравствениот дом има обврска тој да организира континуирана здравствена заштита, а порано беше тоа на матичните доктори. Тоа е најново од 2010 година, а матичните доктори учествуваат само со труд.“
Кумановци, кои одамна навикнаа за се и сешто да бараат помош кај матичните лекари, во нив и имаат најголема доверба и дури велат оти ги сметаат и како членови од нивните семејства велат.
„Кај матичен. Таму одам секогаш.“
РСЕ: А ако е тоа навечер после 19 часот кога матичните не работат?
„Во Ургентен, во Брза помош, каде што работат.“
„Ќе плаќаме, што ќе правиме, не е во ред, ама за здравје мора да се плаќа.“
„Не е во ред да се бараат пари на пензионерите, на децата, а Брза помош зошто е?, одговараат запрашаните кумановци.
Д-р Миомир Панковски вели дека во Здравствениот дом се уште ја чува опремената просторија за дежурства, во која до март минатата година матичните лекари дежурале до полноќ.
Меѓутоа, дел од матичните лекари сметаат дека ниту во таа, ниту во останатите понудени простории нема соодветни услови за работа.
Сите ќе бидат вклучени и Ургентниот и Брза помош, бидејќи е период на зголемена фреквенцијаа на сезонски заболувања. Решението е заедничко во обезбедување соодветна служба и обезбедување простор во Здравствениот
дом.
„Продолжуваме со пружањето на услугите во Ургентниот центар се додека ние во Министерството за здравство не понудиме дефинитивно решение, кое веќе е на повидок со заеднички договор со партнерите. Сите ќе бидат вклучени и Ургентниот и Брза помош, бидејќи е период на зголемена фреквенцијаа на сезонски заболувања. Решението е заедничко во обезбедување соодветна служба и обезбедување простор во Здравствениот дом“, вели Владо Поповски, заменик-министер за здравство.
Приватниот лекар д-р Стое Стојмановски, потпретседател на Лекарската комора на Македонија е задоволен од ова решение.
„Ние приватните лекари од ова сме задоволни и се надевам дека за 30 дена најдоцна ќе се најде соодветно решение. Здравствениот дом има обврска тој да организира континуирана здравствена заштита, а порано беше тоа на матичните доктори. Тоа е најново од 2010 година, а матичните доктори учествуваат само со труд.“
Кумановци, кои одамна навикнаа за се и сешто да бараат помош кај матичните лекари, во нив и имаат најголема доверба и дури велат оти ги сметаат и како членови од нивните семејства велат.
„Кај матичен. Таму одам секогаш.“
РСЕ: А ако е тоа навечер после 19 часот кога матичните не работат?
Не е во ред да се бараат пари на пензионерите, на децата, а Брза помош
зошто е?