Прилепските кардиолози бараат опрема

Недоволна кадровска екипираност, недоволно опрема, а зголемен број на пациенти, дури до 25-мина месечно, во ограничен простор. Ваква е состојбата во прилепскиот оддел за интензивна нега на срцеви болни во градската болница.
Поради неможност да се одговори на потребите, а за да се спаси човечкиот живот, понекогаш и по шестмина граѓани се испраќаат на скопските клиники за дополнителна интервенција. Но, транспортот и времето за овие срцеви болни е ризично во ситуации кога нивното здравје виси на конец.
Беше доставена една таква програма со цел да се респектира тоа што го бараме и за потребите на населението во Прилеп. Бидејќи отворањето на една ангиографска лабораторија сепак е еден проблем, кој што е сериозен проблем и се однесува за подолгосежни одлуки и решенија.

„Секој транспорт е поврзан со ризик, бидејќи една ситуација, на пример иди пациентот стабилен, но во текот на патувањето може да се промени таа ситуација и да настанат компликации. И независно ако ние имаме несоодветна опрема тогаш сме вистински во една ситуација незавидна да мора пациентот да се транспортира“, вели д-р Димитар Ристески, началник на прилепскиот оддел за интерни болести во градската болница, каде што се наоѓа и коронарната единица.

Со цел да се намали ризикот по животот кај пациентите, стресот кај семејството и екипата која го транспортира пациентот до Скопје, прилепските кардиолози ја потенцираат потребата од отворање на ангиографска лабораторија за третман на срцеви болни на кои им се вградува стент. За оваа интервенција е потребна дополнителна едукација на кардиолозите и за почеток инвестиција од 600.000 евра за набавка на апарат.
Возило на прилепската брза помош

„Што се однесува до финансиската конструкција на една таква лабораторија е доста скапа. Не е едноставно само да се купи лабораторија или апаратура, тоа е поврзано понатаму со одржување на таа опрема, нон стоп некои средства секогаш ќе се бараат. Животот и здравјето на луѓето е многу побитно и поважно“, потенцира Ристески.

Прилепските кадриолози уште пред 4 и повеќе години доставиле проект барање до управата на болницата, но одговор не добиле.

„Беше доставена една таква програма со цел да се респектира тоа што го бараме и за потребите на населението во Прилеп. Бидејќи отворањето на
Отворањето на една ангиографска лабораторија сепак е еден проблем, кој што е сериозен проблем и се однесува за подолгосежни одлуки и решенија.
една ангиографска лабораторија сепак е еден проблем, кој што е сериозен проблем и се однесува за подолгосежни одлуки и решенија“, вели д-р Ристески.

Во моментов, тројцата кардиолози вложуваат максимални напори да им помогнат на срцевите болни. За кадровска екипираност на одделот за интензивна нега во моментов се потребни уште тројца доктори, но засега нема ни можност за нови вработувања.

А, според статистичките податоци, заболувањата на срцето опфаќаат околу 65 отсто од вкупната патологија на прилечани. Порано овие болести се појавуваа на возраст од над 55 години, но денеска и кај дваесетина години помлади луѓе. Ова е уште еден факт повеќе при анализа на потребите за отворање на ваква лабораторија на подрачјето на Прилеп.