50 милиони евра од СБ за Македонија

Вицепремиерот Зоран Ставрески и управниот директор на Светска банка Нгози Оконџо-Ивеала на прес-конференција во македонската Влада

Според Светската Банка треба да се развива инфраструктурата и човечкиот капитал.
Земјава и годинава ќе добие 50-тина милиони евра од Светската банка, но многу позначаен е трансферот на знаења што го добиваме од оваа институција, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Предвидени се средства како буџетска поддршка, предвидени се средства за регионалниот проект за осигурување од природни непогоди и катастрофи и предвидена е поддршка за реализација на проект во енергетскиот сектор. Останати проекти вклучуваат реализација на проект за катастарот со Управата за имотно правни работи.


„Предвидени се средства како буџетска поддршка, предвидени се средства за регионалниот проект за осигурување од природни непогоди и катастрофи и предвидена е поддршка за реализација на проект во енергетскиот сектор. Останати проекти вклучуваат реализација на проект за катастарот со Управата за имотно правни работи.“

Ставрески денеска во Скопје се сретна со управниот директор на Светска банка Нгози Оконџо-Ивеала. Претставничката на Светската банка вели дека, со Ставрески и со вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, разговарала за предизвиците на Македонија при остварувањето економски раст во пост-кризниот период. Европа и развиените земји кои се ваши партнери ќе се соочат со побавен економски раст во наредните неколку години, вели Оконџо-Ивеала.




„Со министерот разговараме за тоа што треба да се направи натаму и каква поддршка да се обезбеди и таа ќе оди во насока на градење инфраструктура, надградба на човековиот капитал и треба да се развие агенда за поддршка на овие проекти.“

Ставрески посочи дека со поддршка на Светска банка, годинава ќе стартува Проектот за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за сиромашните семејства и социјалните случаи под услов редовно да ги праќаат децата во училиште.

„На краток рок се бориме против сиромаштијата со обезбедување на дополнителни финансиски средства за сиромашните семејства, а на долг рок се бориме со подобрување на образованието на децата кои доаѓаат од сиромашни семејства, бидејќи образованието е клучно за излегување од сиромаштија.“

На денешната средба, Ставрески и претставничката на Светската банка разговарале за реформите во образованието, подобрувањето на бизнис климата и намалувањето на невработеноста и сиромаштијата, како и за реформската агенда на Владата за наредните неколку години.