И покрај тоа што образованието е задолжително, 18 илјади деца во Македонија не одат на училиште.
Околу 18 илјади деца не одат во училиште, иако школувањето како задолжително е загарантирано со Уставот, покажуваат податоците на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Основното, а од пред неколку години и средното обраозвание се задолжителни, но и покрај тоа многу деца се надвор од образовниот ситем, некои од нив немаат ни документи па како да не постојат, велат од Меѓаши. Директорот на детската амбасада Драги Змијанац вели дека со години заложбите на надлежните институции се само декларативни.
„Сите ветуваат дека во нивниот мандат ќе се заложат сите деца да бидат вклучени во образовниот систем. Не примаат, се сликаат, им ги даваме нашите видувања, препораки, се залагаме да се зголеми буџетот, но верувајте ми не се заморуваат многу околу состојбите.“
Од Министерството за образование велат дека преземаат низа мерки да ги вклучат сите деца во образовниот систем.
„Една мерка е задолжителното средно образование, проектот на бесплатни учебници, проектот за бесплатен превоз на учениците и бесплатно сместување“, вели министерот Никола Тодоров.
Според податоците на Меѓаши најголем број од децата кои не одат на училиште се Роми. Податоците што ги презентираше УНДП покажуваат дека деведесет и еден отсто од ромските деца го започнуваат своето школување на седумгодишна возраст, но веќе на десетгодишна возраст само 63 отсто од ромските деца се во училиште.
Семина Халимовска вели дека сака да го прати своето дете на училиште иако нема многу услови за тоа. Барем тоа да не биде неписмено како неа.
„Немавме услови, никој. Мајка ми била болна, татко ми исто бил болен и затоа останавме без школо, не учевме. Затоа сега ние се трудиме нашите деца барем да учат, да не останаткако нас, што незнаме една буква да прочитаме, барем тие да знаат своето име да си го напишат.“
Фатма Бајрам од невладината Сумнал вели дека, иако е постигнат одреден напредок во вклучувањето на децата од ромската популација во образовниот систем, сепак остануваат низа проблеми.
„Децата не можат да се регистрираат затоа што луѓето немаат постојано живеалиште, немаат адреса. Кога веќе имаме непријавени деца, тогаш имаме и проблем со неодење во училиште и немање на здравствена заштита и документи. Тоа се еден куп проблеми и навистина е штета што во 21 век уште имаме лица кои што се родени дома, како и заради тоа што неможат да си го остварат правото на социјална заштита и неможат да одат на училиште затоа што немаат никакви документи. Значи ние во Македонија имаме лица кои што живеат, а немаат никаков идентитет.“
Во светот, 72 милиони деца не се вклучени во основно училиште, а исто толкав е бројот на оние кои се на средношколска возраст и не посетуваат училиште.
Сите ветуваат дека во нивниот мандат ќе се заложат сите деца да бидат вклучени во образовниот систем. Не примаат, се сликаат, им ги даваме нашите видувања, препораки, се залагаме да се зголеми буџетот, но верувајте ми не се заморуваат многу околу состојбите.
„Сите ветуваат дека во нивниот мандат ќе се заложат сите деца да бидат вклучени во образовниот систем. Не примаат, се сликаат, им ги даваме нашите видувања, препораки, се залагаме да се зголеми буџетот, но верувајте ми не се заморуваат многу околу состојбите.“
Од Министерството за образование велат дека преземаат низа мерки да ги вклучат сите деца во образовниот систем.
„Една мерка е задолжителното средно образование, проектот на бесплатни учебници, проектот за бесплатен превоз на учениците и бесплатно сместување“, вели министерот Никола Тодоров.
Според податоците на Меѓаши најголем број од децата кои не одат на училиште се Роми. Податоците што ги презентираше УНДП покажуваат дека деведесет и еден отсто од ромските деца го започнуваат своето школување на седумгодишна возраст, но веќе на десетгодишна возраст само 63 отсто од ромските деца се во училиште.
Семина Халимовска вели дека сака да го прати своето дете на училиште иако нема многу услови за тоа. Барем тоа да не биде неписмено како неа.
„Немавме услови, никој. Мајка ми била болна, татко ми исто бил болен и затоа останавме без школо, не учевме. Затоа сега ние се трудиме нашите деца барем да учат, да не останат
Кога веќе имаме непријавени деца, тогаш имаме и проблем со неодење во училиште и немање на здравствена заштита и документи.