Дренковски традиционално на капење во Треска

Јаков Дренковски

Кантавторот Јаков Дренковски, специјално се врати во Македонија за да на своите пријатели и почитувачите на неговата песна од студените води на реката Треска и овојпат да им ја честита Новата година и престојните божиќни празници.
Јаков Дренковски, македонскиот урбан трубадур и музичарот што ги потпиша Скитник, Сеќавање на првата љубов, Темен ерос, Порочна си оди си!, Полноќен каубој..., и годинава, на Свети Наум Чудотворецот, точно напладне ќе влезе во студените води на реката Треска, за да го стори традиционалното капење. Со Јано мори!, неговата и наша, македонска песна, да им ја честита Новата година и престојните божиќни празници на своите пријатели, на сите добронамерници што и овојпат ќе дојдат на Матка и така ќе ја изразат својата потреба за почитување и взаемна љубов и разбирање.
Капењето е се она што воопшто го имам доживеано минатата година би сакал да отиде во еден правец со студените води на реката Треска и така освежен од студените води, подготвен да ги дочекам предизвиците од втората деценија на 21 век. Тоа им го посакувам и на
сите.


„Капењето е се она што воопшто го имам доживеано минатата година би сакал да отиде во еден правец со студените води на реката Треска и така освежен од студените води, подготвен да ги дочекам предизвиците од втората деценија на 21 век. Тоа им го посакувам и на сите.“

А, за тоа како овој негов самосвоен ритуал започна Дренковски знае да каже:

„Овој ритуал датира од пред 21 година кога јас со својот пријател Љубомир Грбовски отидовме кај мене на Матка и решив да влезам, да се искапам. Тој во тој момент тоа не го веруваше, но јас го сторив и така започна.“

Интересно е и тоа што од година во година овој чин е следен од се поголем број на луѓе кои доаѓаат на Матка, што некои заедно со музичарот влегуваат во реката да му се придружат, а потем со песна и оро ја продолжуваат веселбата потврдувајќи дека барем за миг можат да се разделат од секојдневието, од сето она што разединува и не насочува едни против други на ова мало парче земја на Балканот. Дури годинава, Јаков кој извесно време престојува во Дубаи, специјално и само на неколку дена допатува во Македонија за да наново од студените води ја прати својата, заедничката порака за љубовта.
Инаку, минатото лето, Дренковски го реализира солистичкиот проект „Јано, мори!“ во кој посегна по македонските традиционални песни, обработувајќи ги на свој начин и воодушевувајќи ја присутната публика таа јулска ноќ во скопскиот Капан ан. Концертот одржан во рамките на манифестацијата Скопско лето беше сниман и сега со право се очекува неговото објавување на носач на звук.

„Кај мене апетиот порасна да подготвам уште еден материјал во кој ќе има и некои мои авторски песни.“