Како против мамурлак и прејаденост?

Новогодишна атмосфера во Скопје

Многу витамини Ц и повеќе течности, е препораката на докторите за ублажување на последиците од преголеми количества алкохол и прејаденост по новогодишната прослава.
Помина најлудата ноќ во годината, како и втората полуда вечер кога вообичаено се „докрајчуваат резервите“. Најпрвин, среќна нова 2011 и се` најубаво. Како си поминавте? Се поднапивте? Каснавте по нешто? Дали некои од вас можеби претера со јадење и пиење? За оние кои климаат со главата, без грижи - прашањето „кај Ви беше паметот“ ќе остане за Вашата совест или најблиските. Побитно е како да ги ублажите последиците од следните празници на листата, имено, Божиќ. Докторите и нутриционистите препорачуваат умереност при славењето, но сите знаеме дека во еуфоријата на прославата неретко зафаќа занес. Ако повторно претерате со пиењето, најбитно е да се намали со јадењето и да се конзумираат повеќе течности – се разбира неалкохолни, препорачува доктор Нестер Поповски од Клиниката за токсикологија:
Бидејќи со течностите се испира организмот и со тоа се олеснуваат тегобите. Второ, здрава е и расолницата, супи, чаеви.


„Бидејќи со течностите се испира организмот и со тоа се олеснуваат тегобите. Второ, здрава е и расолницата, супи, чаеви.“

Шприцер? Бамбус? Енергетски пијалак во комбинација со жесток алкохол? Д-р Поповски препорачува да се избегнуваат ваквите комбинации, посебно мешањето алкохол со стимуланси:


„Бидејќи и едните и другите се стимуланси. Алкохолот е во почетокот стимуланс, а потоа депрес, па затоа може да дојде до вознемирување на организамот и несакани последици. Не би препорачал.“

Што ако се прејадете? Упатените препорачуваат – направете риголето. Дополнително, пијте и витамин Ц, препорачува нутриционистот Цвета Динева:
Тоа значи ден со свежа храна, во која ќе биде присутно свежото овошје, јаткастите плодови задолжително како апсорбенти на токсините.

„Ако се случи интоксикација, односно од прејадување да се дојде со чувство со нагон за повраќање итн, подобро е и да се поврати за да се извадат отровите веднаш од желудникот надвор, но исто така оној што неможе тоа да го направи треба да се напие Ц витамин. Овој пат Ц витаминот го препорачувам и во вид на таблети, но може и овие други Ц витнамин.“

Денот по прејадувањето направете детоксикација, вели Динева и појаснува:

„Тоа значи ден со свежа храна, во која ќе биде присутно свежото овошје, јаткастите плодови задолжително како апсорбенти на токсините, тоа се бадем, лешници, орев, семки, сончоглед нормално во сирова форма и да се пие многу вода во која ќе цедиме лимон, значи пак ќе повторам дека дозата на Ц витамин треба да биде во малку повисок степен“, вели Динева.