Подобра економија и повеќе работни места, просперитет, ЕУ и НАТО членство, главни желби на македонските граѓани во новата година.
Повеќе работни места, поголеми плати, слога и мир, овие се најчесто посакуваните желби на дел од граѓаните со кои разговаравме. Сосема вообичаено ги прашавме за очекувањата во Новата година:
„Да има слога, цела Македонија да биде единствена, за младите да има работа, да се отвараат фабрики. Да престанат да се расправаат таму, да гледаат малку за младите.“
„По природа сум оптимист, верувам дека ќе биде подобро, највеќе економијата, вработување, тоа е најбитно.“
„Имам желба децата да ми се вработат, да не чекаат од нас двајца. Лекови да има.“
„Да ни се качат пензиите.“
Во низата желби за подобро утре наидовме и на граѓани кои сонуваат за денот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ и НАТО:
„Со ЕУ и НАТО ќе се отворат нови перспективи.“
„Да не примат во НАТО, тоа ми е голема желба.“
Дел од граѓаните не го кријат своето разочарување од секојдневието. Велат дека се разочарани од политичарите, уморни од политиката и проблемите па според тоа и нивнитеочекувања од Новата година се песимистички:
„Ќе пуштиш телевизија и освен тоа нема ништо друго и дури некогаш да ви кажам и не ми се гледа. Си велам сите се факултетски образовани, но некако не мислат добро за земјата.“
„Едни сакаат чекори, други сопки, нема да оди тоа. Не се моќни да се справат.“
Довербата во водачите граѓаните ја изгубија одамна, посочуваат аналитичарите. Политичарите измислуваат вештачки конфликти и создаваат тензии, граѓаните се преоптоварани и постојано под стрес, вели професорот Јонуз Абдулау од Штуловиот Универзитет:
„Социолошки, општеството ни е болно. Само превентивно може да се делува со едно убедување на луѓето, со давање на надеж дека иднината е во нивни раце, а не со неодредени и радикални опции.“
Собирањето неконтролирана енергија која нема социјална и културна димензија за да се насочи кон промени може да создаде нездрава атмосфера, велат упатените. Токму затоа на граѓаните им порачуваат повеќе да се смеат и доколку е можно барем на кратко да заборават на секојдневните маки.
„Да има слога, цела Македонија да биде единствена, за младите да има работа, да се отвараат фабрики. Да престанат да се расправаат таму, да гледаат малку за младите.“
Да има слога, цела Македонија да биде единствена, за младите да има работа, да се отвараат фабрики. Да престанат да се расправаат таму, да гледаат малку за младите.
„По природа сум оптимист, верувам дека ќе биде подобро, највеќе економијата, вработување, тоа е најбитно.“
„Имам желба децата да ми се вработат, да не чекаат од нас двајца. Лекови да има.“
„Да ни се качат пензиите.“
Во низата желби за подобро утре наидовме и на граѓани кои сонуваат за денот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ и НАТО:
„Со ЕУ и НАТО ќе се отворат нови перспективи.“
„Да не примат во НАТО, тоа ми е голема желба.“
Дел од граѓаните не го кријат своето разочарување од секојдневието. Велат дека се разочарани од политичарите, уморни од политиката и проблемите па според тоа и нивните
Со ЕУ и НАТО ќе се отворат нови перспективи.
„Ќе пуштиш телевизија и освен тоа нема ништо друго и дури некогаш да ви кажам и не ми се гледа. Си велам сите се факултетски образовани, но некако не мислат добро за земјата.“
„Едни сакаат чекори, други сопки, нема да оди тоа. Не се моќни да се справат.“
Сите се факултетски образовани, но некако не мислат добро за земјата.