Реконструкција на битолската болница

Битолската клиничка болница

По 40 години ќе се реновира битолската болница. Средствата се обезбедени преку кредит од Советот на Европа.
По 40 години ќе се реновира битолската клиничка болница. Таа влезе на листата со здравствени установи кои државата ќе ги реновира со кредит од Банката за развој при Советот на Европа. Планирана е комплетна реконструкција на објектот и доградба со што ќе се обезедат пошироки простории, лекарски кабинети, покавлитетни водоводни и парно инсталации, а со сето тоа и поголем комфор за пациентите и подобри услови за работење на медицинскиот кадар.
Овој објект е граден во 60-тите години, а во употреба беше пуштен во 1971 година значи стар е преку 40 години. Инсталациите се стари и за нивно одржување потребни се големи средства, да не речем огромни и размислувавме како можат да се
намалат.


„Овој објект е граден во 60-тите години, а во употреба беше пуштен во 1971 година значи стар е преку 40 години. Инсталациите се стари и за нивно одржување потребни се големи средства, да не речем огромни и размислувавме како можат да се намалат“, вели директорот Михајло Џолонга.

Битолската клиничка болница прво не беше на листата со приоритетни болнички објекти за реконструкција, но потоа со лобирање на менаџерскиот тим успеа да се избори и таа да добие средства за оваа намена. Се уште не се знае колку пари од 23 милиони евра кои ќе се користата за реконструкција на 20 болници низ државата, ќе бидат одвоени за битолската. Но, надежните семетаат дека ќе биде меѓу поприоритетните бидејќи е регионална болница и со здравствените услуги покрива добар дел од југозападниот регион во државата.

„Се знае дека ќе се вложат неколку милиони евра во темелната реконструкција на оваа болница. Од греење, поголем комфор за пациентите и вработените, двокреветни соби со
Се знае дека ќе се вложат неколку милиони евра во темелната реконструкција на оваа болница.
санитарен чвор, комплетна реконструкција на парно, топла вода, санитарни јазли биску до собите или во самиот апартман, и дограбда на уште едно крило. Тоа ќе биде поликлинички - дијагностички дел за надворешни пацинети. Таму ќе има амбуланти за лесна дијагностика, кабинети на два-три ката и простор за дијализа на тешките болни“, додава Џолонга.

Болницата од својот буџет ќе издвои средства за во скоро време да направи уште една доградба каде ќе ја смести новата апаратура што ја доби од Министерството за здравство, како магнетна резонанца, компјутерска томографија и друга опрема, која поради тежината не може да се смести во сегашните просторни услови на установата.