Неколку стотини тутунари незадоволни од непочитувањето на договорот за висината на откупната цена денеска протестираа пред Собранието.
Власта да им ги реши проблемите, да им го даде ветеното, за да не им остане тутунот да скапува, а тие да останат без пари побараа незадоволните тутунари за време на протестот пред Собранието на Македонија. На протестот присуствуваа неколку стотини тутунари незадоволни од непочитувањето на договорот за висината на откупната цена. Тие велат дека не се партиски определени како што ги етикетираа во изминатите неколку денови, туку дека само сакаат да го добијат она за што веќе се договорија со преставниците на власта и откупувачите.
„Ако не етикетирате нас дека ние сме дошле овдека да рушиме Влада, не. Ние дојдовме овде за да ги бараме нашите права, правата на тутунарите. Овдека никој не е партиски определен, овде се тутунари, лозари, сточари, млекари од сите земјоделски гранки. Едно кило нафта едно кило тутун, тоа го немало никогаш.“
„1995 година едно кило тутун, три кила масло. Сега едно кило тутун, пола кило масло.“
„На вага со тутунот ми рекоа, министерот не купува, ние купуваме. Значи министерот не се слуша“, велат тутунарите кои пред Собранието пристигнаа од повеќе градови.
Во понеделникот, доцна вечерта, тутунарите, откупувачите и претставници на Владата се договорија за висината на цената на тутунот, да биде околу 170 денари и да се отоворат сите откупни пунктови. Но според кажувањата на тутунарите договорот не се почитувал.
Тутунарите бараат средба со прмиерот Никола Груевски и со министерот за земјоделство Љупчо Димовски, но досега нема најави за таква средба.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство за време на пратеничките прашања во Собранието се осврна и на состојбата на тутунарите. Тој рече дека и тие се незадоволни од динамиката на откупот на тутунот, затоа што во изминатиот период се откупени еден милиони и 225 илјади килограми тутун, а тоа е многу мала количина.
„Оправдано се дестимулирани тутунопроизводителите“, рече министерот Димовски.
Државните инспекторати за земјоделство досега издале 23 прекршочни глоби во износ од 94 илјади евра за откупни пунктови кои не ги почитуваат законските обврски.
Доколку не им се исполни барањето за висината на цената, тутунарите најавуваат и блокирање на патишта и гранични премини.
Ако не етикетирате нас дека ние сме дошле овдека да рушиме Влада, не. Ние дојдовме овде за да ги бараме нашите права, правата на тутунарите. Овдека никој не е партиски определен, овде се тутунари, лозари, сточари, млекари од сите земјоделски гранки.
„Ако не етикетирате нас дека ние сме дошле овдека да рушиме Влада, не. Ние дојдовме овде за да ги бараме нашите права, правата на тутунарите. Овдека никој не е партиски определен, овде се тутунари, лозари, сточари, млекари од сите земјоделски гранки. Едно кило нафта едно кило тутун, тоа го немало никогаш.“
„1995 година едно кило тутун, три кила масло. Сега едно кило тутун, пола кило масло.“
„На вага со тутунот ми рекоа, министерот не купува, ние купуваме. Значи министерот не се слуша“, велат тутунарите кои пред Собранието пристигнаа од повеќе градови.
Во понеделникот, доцна вечерта, тутунарите, откупувачите и претставници на Владата се договорија за висината на цената на тутунот, да биде околу 170 денари и да се отоворат сите откупни пунктови. Но според кажувањата на тутунарите договорот не се почитувал.
На вага со тутунот ми рекоа, министерот не купува, ние купуваме. Значи министерот не се слуша.
Тутунарите бараат средба со прмиерот Никола Груевски и со министерот за земјоделство Љупчо Димовски, но досега нема најави за таква средба.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство за време на пратеничките прашања во Собранието се осврна и на состојбата на тутунарите. Тој рече дека и тие се незадоволни од динамиката на откупот на тутунот, затоа што во изминатиот период се откупени еден милиони и 225 илјади килограми тутун, а тоа е многу мала количина.
„Оправдано се дестимулирани тутунопроизводителите“, рече министерот Димовски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5