Охридските хотели со промотивни цени

Цените во хотелите во Охрид во јануари, за празникот Водици, од осум до десет евра по ноќ.
Со светкав украсен амбиен во центарот на градот, ѕвездено небо над чаршијата и шарен езерски кеј како бајка, Охрид се подготвува за зимската туристичка сезона што ќе започне за една недела со новогодишното празнувње и ќе се заокружи со празникот „Богојавление“. По намалувањето на новогодишните цени во дел од хотелите и ноќните клубови, со промотивни
Ние немаме скијачки центри тука, но имаме прекрасна природа и манифестации, добри домаќини, така да со тек на време се покажа дека вака се продолжува зимската сезона во Охрид.
ниски фиксни цени од 8 до 10 евра за ноќевање, излегоа најголемиот дел од градските и хотелите на ривиерата за 18-ти, 19-ти и 20-ти јануари во Охрид, кој тогаш ќе ја добие наградата за културна престолнина во туризмот на Балканот од Балканската хотелска асоцијација.

„Преку овие манифестации ние треба да ја збогатиме понудата за продолжување на зимската сезона. Не е работата само да се донесат гости за Нова Година и тие да си заминат, туку да се продолжи трендот на сезоната. Ние немаме скијачки центри тука, но имаме прекрасна природа и манифестации, добри домаќини, така да со тек на време се покажа дека вака се продолжува зимската сезона во Охрид. Ова е една интересна приказна за туристите, што се гледа од фактот што од година во година Охрид за Водици е се попосетен и во зимскиот период почна да станува препознатлив по манифестацијата „Богојавление“, за што сведочи и интересот на гостите не само од Македонија, туку и од надвор. Тука се и другите празници, како Божик и Василица, кои во Охридскиот регион се слават на високо ниво со богати содржини, така што тоа ќе ни е адут во иднина да привлечиме што повеќе гости во зимската сезона“, вели Олег Маленко од туристичкиот бизнис сектор во Охрид.

Според него празникот Водици е уникатна туристичка атракција што се очекува да донесе над 20 илјади верници и гости од земјава, Бугарија, Србија, Албанија и Грција, за што веќе има интерес и најави.
Сакаме да предложиме еден новитет, како кумови, овој пат да има масовно крштевање во Охридското
Езеро.

„Јас прв пат го фатив крстот 1990 година, кога се возобнови јавното и масовно фаќање на светиот крст. До тогаш во езерото скокавме во раните утрински часови, никој да не невиди, затоа што тогаш ни беше забрането да скокаме. Од таа година манифестацијата за Богојавление се организира се помасовно и се подобро."

„Сакаме да предложиме еден новитет, како кумови, овој пат да има масовно крштевање во Охридското Езеро, бидејќи има интерес за тоа. Откако сме избрани за кумови, ни се јавуваат луѓе кои не се крстени, и прашуваат дали може да се крстат на празникот Водици“, велат новите кумови на Водици Охрид 2011, браќата Јован и Климе Лотески.

Прославата на 20-ти јануари ќе продолжи со Денот на рибарите кога на Сараиште ќе се вари традиционална рибна чорба, ќе се фрлаат сачма и влак во езерото, а ќе има и изложба на риболовен алат од праисторијата до денес. Деновиве во Охрид е премиерата на првиот документарен филм за "Водици"- "Чистилиште на душата", снимен годинава во режија на Охриѓанецот Илија Пиперкоски, што ќе ја актуелизира вечната дилема и провокација за тајната на фаќањето на светиот крст во Охридското Езеро, по кој лани скокнаа над илјада капачи.