Уште еден удар за семејниот буџет. Граѓаните во паника како ќе преживеат. Поскапува струјата, парното и бензинот.
Поскапувањето на цената на струјата за 6,36 отсто, на парното за 0,6 и на бензинот за 2 ипол денари за граѓаните ќе биде уште еден шок на семејниот буџет, а според експертите тоа неповолно ќе влијае врз стандардот и врз цените на другите производи. Граѓаните велат дека во месецот одвај сврзуваат крај со крај и дека не им се потребни дополнителни трошоци.
,,Секое поскапување се одразуваше на стандардот на луѓето, а ова толку зачести што веќе се губи секоја мерка. Знаеме дека социјалата е се повеќе на пониско и на пониско ниво, како ќе издржат..."
,,Незнам како ќе се снаоѓаме. Јас сум под стечај, неработам никаде, не е убаво, ама што да правиме."
Според професорката Марија Зарезанкова Потевска иако Европската унија и налага на Македонија да ја покачи струјата треба да се земе во предвид дека граѓаните имаат мали примања и има висока невработеност и тоа може негативно да се одрази врз социјалниот равој.
,,Во секој случај ќе делува негативно на животниот стандард на населението кој и без тоа е многу мал, низок, неповолен, загрижувачки, со оглед на тоа дека има голем број невработени, голема сиромаштија, нема минимално утврдена плата."
Потевска вели дека производителите ќе бидат принудени поради поголемите трошоци да ги покачат цените на нивните производи:
,,Електричната енергија, парното греење, возењето, сообраќајот, можеби ќе донесе едно благо покачување најнапред бидејќи не станува збор за многу високи зголемувања, но сепак ќе се одрази на покачувања, а тоа како една спирала оди се повеќе и повеќе, значи дава простор за производителите да си ги покачат своите цени."
Експертите сметат и дека дека таквата состојба ќе донесе и намалување на потрошувачката, бидејќи граѓаните поради дебелите сметки ќе размислат на што е неопходно да ги трошат нивните пари и дали да купуваат скапи продукти.
Секое поскапување се одразуваше на стандардот на луѓето, а ова толку зачести што веќе се губи секоја мерка
,,Секое поскапување се одразуваше на стандардот на луѓето, а ова толку зачести што веќе се губи секоја мерка. Знаеме дека социјалата е се повеќе на пониско и на пониско ниво, како ќе издржат..."
,,Незнам како ќе се снаоѓаме. Јас сум под стечај, неработам никаде, не е убаво, ама што да правиме."
Според професорката Марија Зарезанкова Потевска иако Европската унија и налага на Македонија да ја покачи струјата треба да се земе во предвид дека граѓаните имаат мали примања и има висока невработеност и тоа може негативно да се одрази врз социјалниот равој.
Електричната енергија, парното греење, возењето, сообраќајот, можеби ќе донесе едно благо покачување најнапред бидејќи не станува збор за многу високи зголемувања, но сепак ќе се одрази на покачувања