Со најнови тврдења дека лидерот на ДУИ Али Ахмети бил соработник на тајните служби се појави Албанскиот сојуз. Комисијата чека на документите за да утврди дали се оригинали.
Новоформираниот Албански сојуз тврди дека Али Ахмети бил соработник на тајните служби. Партијата му постави ултиматум на Ахмети. Во рок од 48 часа да си замине од политичката сцена. Во спротивно, ќе ги објавиле оригиналните документи кои ги докажуваат нивните тврдења. Дали истите се вистинити или пак се работи за фалсификувани документи ќе докажува надлежната комисија за лустрација. Претседателот на комисијата Томе Аџиев ја објаснува правната постапка во вакви случаи.
„Ако се оргинали тогаш Комисијата ќе постапува, ќе оценува, ако не се оргинали тогаш си има други органи за оценка дали се фалсфикат или било што друго направено. Комисијата не е орган што гони.“
Комисијата, вели Аџиев, постапува само ако до неа се достават писмени документи. Таа не покренува постапка врз основа на слушнат глас во јавноста.
„Од каде да знаеме што е тоа. Можеби само блеф некој, кажал нешто, од каде да знеме што е. Ако не ни достави некој нас на писмено, ние не можеме да постапуваме.“
Правните експерти објаснуваат дека последниот збор го има надлежнатакомисија. Доколку таа утврди дека документи се оригинали и содржината вистинита, тогаш би се постапувало според надлежниот закон, а тоа би значело прекин на пратеничкиот мандат на Ахмети, вели еден од подготвувачите на законот за лустрација, професорот Осман Кадриу.
„Ако се работи за фалсификат, фалсификатот е кривично дело кое што се гони по службена должност, таа постапка оди преку полицијата, до обвинителството и од обвинителството до судот.
Во спротивно може да стане збор и за навреда и клевета, тие одат по приватна тужба и тогаш оштетените се подносители на приватната тужба по која треба да решава надлежниот суд.“
Лидерот на Албанскиот Сојуз, Ваљон Беља тврди дека документите кои ги има се оригинали и дека истите биле оставени пред вратата од неговиот дом. Тој изјави дека доколку Ахмети не се повлече во даденио рок, прво ќе ги обрави документите пред целото општество, а дури потоа ѓе ги достави до комисијата за лустрација.
Од ДУИ неколкупати досега ги отфрлија ваквите обвинувања како невистини, клевети и инсинуации. Извори од партијата се убедени дека ултиматумот на Беља е масло на опозициската ДПА, како дел од една дива албанска кампања, во период кога постоеле обиди за валкање и на ОВК во Косово.
Ако се оргинали тогаш Комисијата ќе постапува, ќе оценува, ако не се оргинали тогаш си има други органи за оценка дали се фалсфикат или било што друго направено. Комисијата не е орган што гони.
„Ако се оргинали тогаш Комисијата ќе постапува, ќе оценува, ако не се оргинали тогаш си има други органи за оценка дали се фалсфикат или било што друго направено. Комисијата не е орган што гони.“
Комисијата, вели Аџиев, постапува само ако до неа се достават писмени документи. Таа не покренува постапка врз основа на слушнат глас во јавноста.
„Од каде да знаеме што е тоа. Можеби само блеф некој, кажал нешто, од каде да знеме што е. Ако не ни достави некој нас на писмено, ние не можеме да постапуваме.“
Правните експерти објаснуваат дека последниот збор го има надлежната
Од каде да знаеме што е тоа. Можеби само блеф некој, кажал нешто, од каде да знеме што е. Ако не ни достави некој нас на писмено, ние неможеме да постапуваме.