Висок внатрешен долг?

Фирмите секојдневно се соочуваат со тешкотии за наплата на парите. Се претпоставува дека внатрешниот долг во земјата изнесува околу една милијарда евра.
Нема податоци колкав е внатрешниот долг во земјата, но според упатените тој изнесува околу милијарда евра. Еден од начините како да се намалат долговите на фирмите е добрволна компензација. Праксата на ненавремено исплаќање не е специфична само за Македонија, туку се почесто може да се забележи и во другите европски земји, а нарушената ликвидност се должи на економската криза и на лошото работење, вели Огнен Оровчанец сопственик на една компанија од полето на агробизнисот. Тој потврдува дека тие секојдневно се соочуваат со тешкотии за наплатата на парите, а проблемите се јавуваат и поради нефункционирање на судството.
Секако тука има одраз и судството бидејќи не се водат ажурно и брзо постапките за ликвидација, стечај итн, што само по себе доведува до кинење на ланецот и проблеми за фирмите.


„Секако тука има одраз и судството бидејќи не се водат ажурно и брзо постапките за ликвидација, стечај итн, што само по себе доведува до кинење на ланецот и проблеми за фирмите. Ние во агросекторот ги имаме тие проблеми.“

Извршниот директор во Сојузот на Стопански комори, Митко Алексов вели дека за да се развива земјата на економски план, мора да се реши проблемот со ликвидноста.


Според него државата треба да стави ред во работењето на фирмите. Сојузот по примерот на Европската унија изработил систем на автоматско плаќање со кој доспеаните фактури би се плаќале за 30 дена со што би се зголемила одговорноста кај фирмите.
Доколку должникот не ја плати наа фактура тогаш банката автоматски од одредени трансакциски сметки на должникот, да ги префрли тие пари на доверителот.


„Доколку должникот не ја плати наа фактура тогаш банката автоматски од одредени трансакциски сметки на должникот, да ги префрли тие пари на доверителот. Доколку должникот нема пари за своите сметки има еден период од 15 дена каде што тоа треба да се види и провери и после 15 дена автоматски да се отвара стечај.“

Оровчанец пак смета дека добро решение е и компензацијата меѓу фирмите.

„Се што ја подобрува, а компензациите секако ја подобруваат наплатата, е добро решение.“

Според последните податоци на Народната банка на Македонија бројот на фирмите со блокирани сметки е зголемен за 50 проценти.