Името, алиби

Името ги потисна ЕУ реформите

Да се продолжи со реформите, а не постојано за неуспехот во евроатлантските интегративни процеси да се бара алиби во спорот за името, порачуваат експертите.
Домашните експерти сметаат дека спорот за името не е единствената пречка која ја оддалечува земјата од евроатланските процеси. Проблемот со името се користи како алатка за да се сокријат останатите слабости на македонското општество, вели политикологот Здравко Савески.
Би апелирал да не се користи спорот за името за да се заборави да се работи на останиот дел од агендата за нашето евроинтегрирање кои содржат сериозни забелешки кои треба наместо да се негираат, да се работи
на нив.


„Би апелирал да не се користи спорот за името за да се заборави да се работи на останиот дел од агендата за нашето евроинтегрирање кои содржат сериозни забелешки кои треба наместо да се негираат, да се работи на нив.“

Оддолговлекувањето на процесот на преговорите го развлекува и евроатланскиот пат на земјава. Аналитичарот Љулзим Хазири, смета дека името е главниот проблем, но битката нема да ја добиеме додека како што вели не се решат внатрешните проблеми за кои власта нема алиби.

„Хипотетички да се реши спорот за името, најголемата работа ќе биде решавање на внатрешните проблеми, како партизираната администрација,
ЕУ ја гледа Македонија 365 дена во годината, треба да се работи секој ден и уште сега треба да започне да се работи за следната година.
судството кое е под големо политичко влијание, недостакотот на политички дијалог, како и слободата на медиумите. Сето ова го кочи зачленувањето на Македонија во ЕУ.“

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, во кое гостин е словенечкиот амбасадор во земјава Ален Брајан Бергант, амбасадорот ја потенцира важноста на грчко-македонскиот спор. Бергант посочува дека во моментот името е главната кочница за македонските евроинтеграции.

Kанцеларијата на ЕК во Скопје

„Треба да се реши грчко-македонскиот спор, тој е единствена пречка дали Македонија утре ќе стане полноправна членка на ЕУ. Се надеваме, како пријателска земја на Македонија, дека двете страни што побрзо ќе најдат компромис кој секако не смее да биде на штета на македонската култура, народ и сето она што е важно за вашата држава.“

Бергант, сепак додава дека не треба да ги заборавиме реформите кои од нас ги бара Брисел.

„ЕУ ја гледа Македонија 365 дена во годината, треба да се работи секој ден и уште сега треба да започне да се работи за следната година.“

Партизирана јавна администрација, корупција, недостаток на политички дијалог, се само дел од забелешките од Европската комисија. Според експертите овие критериуми се повеќе се влошуваат и се силен показател дека доколку нема политичка волја за наше зачленување во Унијата, тоа ќе се користи како силен аргумент против нашиот влез во Европската Унија и НАТО.