ЕУ самит за спас на еврозоната

Лидерите на Европската унија, на состанокот што денеска почнува во Брисел, треба да одобрат план со кој ќе се формира постојан спасувачки штит за еврозоната. Лидерите страvуваат дека должничките кризи што веќе ги зафатија Грција и Ирска би можело да се прошират и во други земји, пред се Шпанија и Португалија.
Дводневниот самит на Европската унија доаѓа по проценките за натамошниот пораст на долгот на Шпанија и по зголемениот бран на незадоволство од острите мерки за штедење во некои европски земји.

Затоа, според очекувањата, лидерите би можело без проблеми да прифатат проширување на постојниот фонд за спасување во случај на финансиска криза во еврозоната.

Нереди во Грција на протестите против владините мерки за штедење

Германската канцеларка Ангела Меркел пред самитот изјави дека станува збор за Европски стабилизациски механизам кој всушност би требало да се замени сегашниот привремен кој важи до 2013 година.

„Знаеме дека еврото е нашата колективна судбина и Европа нашата колективна иднина. Никој нема да се откаже од Европа. Европа ќе успее заедно“, изјави Меркел која во Бундестагот ја потенцира германската заложба да им помогне на европските партнери.

За евентуалниот нов спасувачки механизам што би го заменил сегашниот кој изнесува 750 милијарди евра би требало евролидерите да се согласат и за некои промени во договорот на Европската унија и што е можно поскоро и официјално да ги потпишат, најверојатно во март идната година.
Знаеме дека еврото е нашата колективна судбина и Европа нашата колективна иднина. Никој нема да се откаже од Европа. Европа ќе успее заедно.


Потоа би следувал процес на ратификација од земјите членки со цел постојаниот механизам да стапи во сила од 2013 година.

„Сите се согласни дека мора да постои постојан кризен механизам и сите се согласуваат дека тој мора да биде формиран од земјите членки на Унијата. Затоа сите сфаќаат дека тоа бара и извесни промени на Лисабонскиот договор.“

Сепак, Меркел уште еднаш ја отфрли идејата за издавање заеднички евро обврзници.

„Станува збор за подлабока економска и политичка интеграција до која треба да дојде во наредниве неколку месеци“, изјави Меркел која смета дека притоа не смеат да се прават грешки како на пример колективистичката со издавање еврообврзница која не претставува никакво решение на кризата.

Решението е поголема хармонија и поголема конкурентност меѓу земјите членки на Европската унија, смета Меркел.


За потребата од воспоставување постојан механизам се залага и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј кој веќе ги почнал консултациите со земјите членки во врска со неопходните промени на Лисабонскиот договор:

„Не станува збор за повторно отворање на Лисабонскиот договор или за покренување на нова институционална дебата. За да можеме да воспоставиме заеднички пермаментен кризен механизам, а тоа е желба на сите, ни треба уставна основа“, вели Ромпуј кој прецизира дека со новиот механизам ќе можат да се превентираат кризите како сегашната.

Една од мерките ќе и навременото санкционирање на земјите кои нема да се придржуваат на договерените критериуми во Брисел.