Холбрук ќе биде запаметен и по неговата улога во симнувањето на блокадата од страна на Грција врз Македонија.
,,Булдожер" дипломатот Ричард Холбруг ги одбележа турбулентните деведесетти години на Балканот. Холбруг е еден од препознатливите знаци на американската дипломатија во времето на последните Балкански војни и најголемо влијание има во Босна и Херцеговина за потпишувањето на Дејтонскиот договор, има влијание и во Косово непосредно пред бомбардирањето на Србија во 1999-та, и секако за потпишување на времената спогодба меѓу Македонија и Грција во 1995-та година. Тој одигра голема улога во симнувањето на блокадата од страна на Грција врз Македонија вели Стојан Андов кој во тоа време беше претседател на Собранието.
,,И тој заедно со Сајрус Венс кој исто така веќе е починат, е идејниот творец на Времената спогодба меѓу двете земји со што се нормализираа односите меѓу Грција и Македонија."
Но, дипломат од калибарот на Холбруг денеска неможе многу да помогне не само во спорот за името, туку и за било кој друг спор на Балканот, вели аналитичарот Стево Пендаровски кој беше советник за национална безбедност во кабинетите на двајцата поранешни претседате, Трајковски и Црвенковски:
,,Имено во септември 1995 година, Холбрук лично во Скопје го најавипотпишувањето на таа Спогодба, а ден претходно беше во Атина со тогашниот грчки премиер, стариот Папандреу. Значи Холбрук беше лицето на онаа политика која сакаше да ги фиксира проблемите на теренот тогаш, сега американската политика и дипломатија настапува сосема поинаку."
Холбруг ќе остане во сеќавање како еден голем човек кој направи вонреден придонес за разрешување на отворените конфликти на Балканот, вели Андов.
,,Очекувам во Скопје некоја улица да биде со негово име."
И Пендаровски се согласува дека на Холбруг неспорно му припаѓа големо место во поновата балканска историја.
,,Дури и на таков начин на кој што постапуваше многумина проценуваат дека на поинаков начин не ќе постигнеше успех, затоа што знаете во тој период спроти себе имаше неколку проминентни балкански авторитарни лидери кои веројатно на поинаков начин неможеа да бидат разубедени."
И тој заедно со Сајрус Венс кој исто така веќе е починат, е идејниот творец на Времената спогодба меѓу двете земји со што се нормализираа односите меѓу Грција и Македонија
,,И тој заедно со Сајрус Венс кој исто така веќе е починат, е идејниот творец на Времената спогодба меѓу двете земји со што се нормализираа односите меѓу Грција и Македонија."
Но, дипломат од калибарот на Холбруг денеска неможе многу да помогне не само во спорот за името, туку и за било кој друг спор на Балканот, вели аналитичарот Стево Пендаровски кој беше советник за национална безбедност во кабинетите на двајцата поранешни претседате, Трајковски и Црвенковски:
,,Имено во септември 1995 година, Холбрук лично во Скопје го најави
Значи Холбрук беше лицето на онаа политика која сакаше да ги фиксира проблемите на теренот тогаш, сега американската политика и дипломатија настапува сосема поинаку