15 години Синтезис

Етно составот ,,Синтезис"

Со промоција на компилациски инструментален албум и со документарен филм за историјата на составот, СИНТЕЗИС одбележува 15 години од своето делување.
Во изминатава деценија и половина СИНТЕЗИС, составот во кој по разделбата со Драган Даутовски останаа да музицираат Радослав Шутевски на ударни инструменти, Ване Јовчев на пијано и клавијатури, Марјан Јовановски на тамбура, Гоце Узунски на тапан и тарабука, Гоце Димовски на зурла, гајда и кавал и пејачките Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска, успеа да се наметне не само како еден од најзначајните во изведбата на пребогатиот македонски фолклор туку и како вистински
Во моментов имаме околу 600-тини стари песни од наши собирачи, така што Синтензис ќе продолжи да ги враќа старите песни, оние песни што не се слушнати и кои не се многу обработени за да се види дека тоа богатство во фолклорот го имаме.
амбасадор на нашата автентична музичка култура во глобални рамки. Комбинирајќи го традиционалниот звук со современи аранжмани, на крилјата на своите десеттина објави од кои албумот снимен 2001 година во Универзална сала со придружба на голем оркестар и хор влегува во редот на класичните изданија, групата си отвори простор да настапува ширум светот. Од Шпанија и Португалија, преку Велика Британија до Канада, Јапонија, Виетнам, Израел, Грција, Словенија, Белгија и така со ред.
Заокружувајќи го својот убав јубилеј СИНТЕЗИС деновиве се реши својата публика да ја израдува и со ново издание – компилација на која се забележани одбрани инструментални нумери од различните периоди на делувањето.

„Претходно добивме награда како најдобра инструментална група и од нив беше предложено да издадеме едно инструментално ЦД. На сите наши концерти низ светот реакциите беа прекрасни и мислам дека беше редно еднаш да издадеме и едно такво ЦД, бидејќи овие луѓе што ја прават музиката свират и прават добра инструментална музика“, ќе забележи Радослав Шутевски, гласноговорникот на составот.

Паралелно со овој дискографски продукт, СИНТЕЗИС за јубилејот го доби својот документарен филм во кој низ автентични снимки и разговори со други музичари, промотери и новинари е прикажан историјатот за групата. Автор на ова дело е Каролина Петковска, а филмот се појавува во продукција на МРТ.

Но, наспроти славеничката атмосфера, СИНТЕЗИС веќе подолго време се подготвува и за својата нова објава, двоен албум со пејачот Наум Петревски како гостин, за што Шутевски знае да каже:

„Во моментов имаме околу 600-тини стари песни од наши собирачи, така што Синтензис ќе продолжи да ги враќа старите песни, оние песни што не се слушнати и кои не се многу обработени за да се види дека тоа богатство во фолклорот го имаме.“