Дали издавањето на обврзници од страна на општините, носи опасност за нивно презадолжување?
Нема опасност дека општините може да се презадолжат и да банкротираат, ако почнат да издаваат обврзници.
На прашањето дали можноста на општините да издаваат обврзници ја зголемува опасноста од зголемување на јавниот долг, во Министерството за финансии велат дека тоа ќе бидат долгови на локалната, а не на централната власт, и покрај тоа што во јавниот долг влегуваат и долговите на општините и на јавните претпријатија.
Директорот на проектот за Локална самоуправа на УСАИД, Ѓорѓи Јосифов вели дека прво законот не дозволува општините да банкротираат, а пред да издадат обврзници, општините треба да добијат согласност и од владата и позитивно мислење од Министерството за финансии.
„Годишното ниво на сервисирање на долгот е 30 отсто од тековно-оперативниот буџетот од минатата година, тоа е годишно ниво на задолжување, а вкупниот претпоставен заем кој што би можеле да го земат е еднаков на вкупните оперативни приходи што ги оствариле минатата година. Тие се двата кумулативни услови кои што мора да се исполнат.“
Се шпекулира дека први што ќе посегнат по издавање на обрзниците се оние општини што поради блокираните сметки не може да преминат во втората фаза од децентрализацијата. Сепак, Јосифов вели дека овој начин на задолжување е пред се наменет за оние општини кои се веќе влезени во втората фаза на децентрализацијата.
„Пред се, се однесуваат за проекти кои што се од капиталната сфера, да се регулираат одредени инфраструктурни прашања, прашања од областа на енергетската ефикасност. Значи се она што има капитална намена на општинско ниво.“
УСАИД, ЗЕЛС и Министерството за финансии на 7 декември ќе организираат конференција посветена на општинските обврзници.
Јосифов вели дека локалните самоуправи и до сега имале можност даиздаваат обврзници, но општините не го користеле и преферирале кредитирање. Тој смета дека поради тоа што општините не може да банкротираат ќе има заинтересирани инвеститори за општинските обврзници и дека општините, на тој начин, ќе може да се задолжуваат по многу поволни услови.
Од друга страна, кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски вели дека условите за издавање обврзници се многу рестриктивни, токму поради сиромашните општини. Поради нив, условите и за нас се многу построги, вели тој.
„Сметам дека овие што имаат поголем фискален капацитет, кои имаат поголеми оперативни можности, не може сите општини да се квалифицираме на исто ниво, затоа што не е исто една мала општина која има мали фискални капацитети и некои големи општини, а такви се пет-шест општини во Македонија и градот Скопје.“
Според податоците на Министерството за финансии јавните претпријатија во земјава должат повеќе од 234 милиони евра.
На прашањето дали можноста на општините да издаваат обврзници ја зголемува опасноста од зголемување на јавниот долг, во Министерството за финансии велат дека тоа ќе бидат долгови на локалната, а не на централната власт, и покрај тоа што во јавниот долг влегуваат и долговите на општините и на јавните претпријатија.
Годишното ниво на сервисирање на долгот е 30 отсто од тековно-оперативниот буџетот од минатата година, тоа е годишно ниво на задолжување, а вкупниот претпоставен заем кој што би можеле да го земат е еднаков на вкупните оперативни приходи што ги оствариле минатата година.
Директорот на проектот за Локална самоуправа на УСАИД, Ѓорѓи Јосифов вели дека прво законот не дозволува општините да банкротираат, а пред да издадат обврзници, општините треба да добијат согласност и од владата и позитивно мислење од Министерството за финансии.
„Годишното ниво на сервисирање на долгот е 30 отсто од тековно-оперативниот буџетот од минатата година, тоа е годишно ниво на задолжување, а вкупниот претпоставен заем кој што би можеле да го земат е еднаков на вкупните оперативни приходи што ги оствариле минатата година. Тие се двата кумулативни услови кои што мора да се исполнат.“
Улиците во Ново Маало, во строгиот центар на градот. Во населбата од пред земјотресот во целост не беше спроведена фекална канализација
Се шпекулира дека први што ќе посегнат по издавање на обрзниците се оние општини што поради блокираните сметки не може да преминат во втората фаза од децентрализацијата. Сепак, Јосифов вели дека овој начин на задолжување е пред се наменет за оние општини кои се веќе влезени во втората фаза на децентрализацијата.
„Пред се, се однесуваат за проекти кои што се од капиталната сфера, да се регулираат одредени инфраструктурни прашања, прашања од областа на енергетската ефикасност. Значи се она што има капитална намена на општинско ниво.“
УСАИД, ЗЕЛС и Министерството за финансии на 7 декември ќе организираат конференција посветена на општинските обврзници.
Јосифов вели дека локалните самоуправи и до сега имале можност да
Не знам, овие што имаат поголем фискален капацитет, тие имаат поголеми оперативни можности.