Југозападниот планински регион на Македонија нуди здрава храна и млечни производи кои според експертите се на ниво на една Швајцарија.
Особено на овој план предначи дебарскиот планински предел кој има голем број на пасишта кои имаат бујна вегетација и една чиста животна средина.
Во планинските масиви има околу 4 илјади хектари пасишта кои се извор на висококвалитетни млечни продукти, вели доктор Сузана Кратовалиева од Земјодескиот институт по едно истражување направено во дебарскитепасишта.
„Врз основа на истражувањето направено пред два месеци и притоа се донесени заклучоци за продукцијата преку бројот на крвните единици и бројот на грлата колку може да се напасуваат. Можам да кажам дека дебарскиот крај одамна со право се споредува со една Швајцарија и со право го заслужува тој епитет. Оваа е поради фактот што крајот е многу чист, а квалитетот на млекото и сирењето е на високо ниво“, вели Кратовалиева.
Таа подвлекува дека сточарите од југозападниот регион, а во тој контекст и сточарите од Дебар, постојано ги следат обуките за едукација за производство на здрава храна и млечни продукти што преставува чекор поблиску до пласманот на прозиводите на европскиот пазар.
„Секој сточар особено од помладата генерација вложува во својата едукација. Заради тоа се организираат и обуки од Центарот. Се следат научните достигнувања за да се оди во чекор со европските искуства за да потоа создадеме терен и можности за пласман на наши млечни призводи во европскиот пазар. Европа бара квалитет и има податоци на етикетите на производот, а тука не е така. Тоа мора да го создадеме.“
Сточарот Скендер Аме кој има над 500 грла овци, вели дека редовни ги следи обуките што се организиараат од центарот за развојот на планинскиот регион, но воедно ги посочува и проблемите со кои се соочуваат сточарите.
„Дебарскиот крај е прочуен за еколошките пасишта. Имаме добри и чисти планини кои не се загадени. Ние можеме да ги постигнеме европските стандарди. Но, треба да се нагласи дека имаме и проблеми во однос на пласманот бидејќи има голем увоз од странство на сирење, а проблем е и инвестицијата. Ќе внесеш инвестиции на една планина во пасиштето, но се случува по смена на власта политичките партии кои се на власт да ти го земаат пасиштето.“
Во регионот на Дебар и Центар Жупа се регистрирани над 30 илјади грла овци, а последните години стадата се зголемуваат, бидејќи за тоа има одлични услови, а сточарите со разни кредити, се во подобра состојба за зголемување на стадата.
Во планинските масиви има околу 4 илјади хектари пасишта кои се извор на висококвалитетни млечни продукти, вели доктор Сузана Кратовалиева од Земјодескиот институт по едно истражување направено во дебарските
Можам да кажам дека Дебарскиот крај одамна со право се споредува со една Швајцарија и со право го заслужува тој епитет. Оваа е поради фактот што крајот е многу чист, а квалитетот на млекото и сирењето е на високо ниво.
„Врз основа на истражувањето направено пред два месеци и притоа се донесени заклучоци за продукцијата преку бројот на крвните единици и бројот на грлата колку може да се напасуваат. Можам да кажам дека дебарскиот крај одамна со право се споредува со една Швајцарија и со право го заслужува тој епитет. Оваа е поради фактот што крајот е многу чист, а квалитетот на млекото и сирењето е на високо ниво“, вели Кратовалиева.
Таа подвлекува дека сточарите од југозападниот регион, а во тој контекст и сточарите од Дебар, постојано ги следат обуките за едукација за производство на здрава храна и млечни продукти што преставува чекор поблиску до пласманот на прозиводите на европскиот пазар.
„Секој сточар особено од помладата генерација вложува во својата едукација. Заради тоа се организираат и обуки од Центарот. Се следат научните достигнувања за да се оди во чекор со европските искуства за да потоа создадеме терен и можности за пласман на наши млечни призводи во европскиот пазар. Европа бара квалитет и има податоци на етикетите на производот, а тука не е така. Тоа мора да го создадеме.“
Имаме добри и чисти планини кои не се загадени. Ние можеме да ги постигнеме европските
стандарди.