Нова рунда во „лустрациската војна“ ДУИ-ДПА

Претседателот на ДПА Мендух Тачи зборува на предизборен митинг во Тетово во март 2009 година

Полицијата уапси поранешен македонски разузнавач поради вмешаност во фалификувањето на досиеја на челниците на ДУИ. Владејачката ДУИ претходно обвини дека уапсениот Хисен Муслуи и опозициската ДПА стојат зад фалсификатот. ДУИ демантира поврзаност со апсењето, а ДПА бара ослободување на „киднапираниот“ Муслиу. Аналитичарите коментираат дека ’уличната лустрација‘ си ја постигна целта – веќе никој никому за ништо не верува.
Полицијата потврдува дека го уапсила поранешниот службеник во Службата за државна безбедност Хисен Муслиу. Во МВР велат дека Муслиу е приведен поради основи за сомнеж дека учествувал во изработка на досиејата на високи функционери на ДУИ, за кои Комисијата за лустрација утврди дека се фалсификувани.

При претресот на домот на Муслиу, во неговите компјутери, полицијата ги пронашла четирите фабрикувани досиеја, но и материјали кои наводно потекнуваат од германската служба БНД во кои „најверојатно требало да
Предавството на Ибар, Мама, Стрелец и пратеникот со 13 страници не може да се покриваат со спектакуларни акции на неидентификуваните македонски полициски единици што се под команда на работните групи на ДУИ.
се направат интервенции“. Исто така пронајдена е и фотографија на која е направен обид за фотомонтажа на лидерот на ДУИ Али Ахмети со Божидар Спасиќ, кој, како оперативец на српската државна безбедност, работел на сузбивање на албанскиот „тероризам и сепаратизам“.

Полицијата соопштува дека приведенеиот Муслиу признал дека материјалите му биле дадени од најтесното раководство на ДПА. Мотивот за неговото инволвирање, како што кажал во разговорот, бил да и се оддолжи на партијата како и поради ветувањата што ги добил за одредени позиции по евентуалното враќање на ДПА на власт.

Пратеникот Имер Алиу од ДПА побара итно ослободување, на како што вел, киднапираниот Муслиу.

„Предавството на Ибар, Мама, Стрелец и пратеникот со 13 страници не може да се покриваат со спектакуларни акции на неидентификуваните македонски полициски единици што се под команда на работните групи на ДУИ.“

Пред околу еден месец, во јавноста се појавија досиејата Мама, Стрелец и Вујко, а малку подоцна и досието Ибар. Во нив, како соработници на тајните служби, можеа да се препознаат челниците на владејачката ДУИ, по што почна своевидна „лустрациска војна“ меѓу партиите од албанскиот политички блок. Од опозициската ДПА ги прифатија досиејата како точни и потврда на она што партијата го зборува подолго време. Во владејачката ДУИ, пак, обвинија дека зад објавувањето на досиејата стои ДПА.

Пратеникот Талат Џафери од ДУИ пред околу еден месец обвини дека зад фабрикувањето на досиејата стојат токму уапсениот Хисен Муслиу и поранешниот шеф на СВР Кичево Реџеп Муслиу.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Абдулаќим Адеми негира каква било поврзаност на ДУИ со апсењето на Муслиу.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети зборува на изборен митинг во Дебар во март 2009 година

„Нашиот став од почеток беше дека оваа афера треба државните институции да ја расчистат до крај и затоа би ве упатил прашањата да ги упатите до МВР и до судството.“

Аналитичарот Ким Мехмети вели дека луѓето што стојат зад таканаречената ’улична лустрација‘ имаат цел да
Нашиот став од почеток беше дека оваа афера треба државните институции да ја расчистат до крај и затоа би ве упатил прашањата да ги упатите до МВР и до судството.
предизвикаат никој никому и во ништо да не верува.

„Колку и да звучи преостро, јас мислам дека албанските политички партии се уште се инструменти за со нив да манипулираат разни полициски центри. Навистина се плашам дека главната игра се уште ја води Белград или тамошните полициски центри.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере по средбата со вицепремиерот Адеми, изјави дека прашањето за лустрацијата не треба да биде дел од политичките агенди и треба да се третира на сензитивен начин.