Навреди, лични прозивања на владини, опозициони или странски претставници... Политичката дебата се персонализира.
Лични прозивања за владини функционери или членови на опозицијата, закани за објавување на детали од приватниот живот на политичарите и критики пред камери за претставници на меѓународни организации. Се чини дека политичката дебата во земјава станува се` поперсонализирана. Ваков впечаток има евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере кој беше последниот, но не и првиот странски претставник во земјава, кој се соочи со критики пред камери. Запрашан како се справува со критиките по објавувањето на извештајот на Европската Комисија, во неделното интервју за РСЕ, Фуере одговара:
„Секако тешко е и болно е исто така, посебно кога се` толку многу се персонализира овдека. Сметам дека политиката, во изминативе неколку години стана многу персонализирана и многу одмаздољубива без никакви причини. Ова го потценува кредибилитетот на политичките семејства, избраните лидери, кои се однесуваат на ваков начин.“
Од партиите се или недостапни или одбиваат да го коментираат впечатокот на евроамбасадорот. Експертите, пак, со различни мислења. Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека се` што не е провладино се критикува:
„Цела Македонија, цело македонско милје што не е провладино ориентирано е критизирано, бидејќи сето тоа што се случува кај нас во државата, да не го споменуваме и проектот „Скопје 20104“ итн., директно влијае во секоја пора на општеството.“
Но, зошто критиките во последно време се сфаќаат лично?
Стојадиновиќ смета дека одговорот треба да се бара во структурата на политичките партии во Македонија, додавајќи дека нападот може да се случи во отсуство на соодветен одговор:
„Нападот на лична основа и разбран на лична основа и одговорот од страна на сите државни институции и министри, без разлика врз која основа е таа критика, добронамерна или недбронамерна дојдена од страна на опозицијата или неопозиција, се сфаќа лично и се одговара лично затоа што нема точен одговор на критиката, нема што да се каже. Значи институцијата е таа, тие се критизерите.“
Деканот на првиот приватен универзитет во земјава Ѓорѓи Тоновски, пак, смета дека во изминативе децении нема значајни промени во политиката.
„Јас колку што ги следам состојбите во македонската политика во овие неколку децении мислам дека таа никогаш не ја изгубила оваа своја суштина, само во различни времиња, на различен начин луѓето ја доживувале.“
Инаку претходно, во јавноста неретко се оспоруваа квалификациите на експерти, се најавуваше јавно декларирање на наводни хомосексуални тенденции на владини претставници, а се прозиваа и странски претставници поради наодите на нивните организации.
Сметам дека политиката, во изминативе неколку години стана многу персонализирана и многу осветољубива без никакви причини. Ова го потценува кредибилитетот на политичките семејства, избраните лидери, кои се однесуваат на ваков начин.
„Секако тешко е и болно е исто така, посебно кога се` толку многу се персонализира овдека. Сметам дека политиката, во изминативе неколку години стана многу персонализирана и многу одмаздољубива без никакви причини. Ова го потценува кредибилитетот на политичките семејства, избраните лидери, кои се однесуваат на ваков начин.“
Од партиите се или недостапни или одбиваат да го коментираат впечатокот на евроамбасадорот. Експертите, пак, со различни мислења. Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека се` што не е провладино се критикува:
„Цела Македонија, цело македонско милје што не е провладино ориентирано е критизирано, бидејќи сето тоа што се случува кај нас во државата, да не го споменуваме и проектот „Скопје 20104“ итн., директно влијае во секоја пора на општеството.“
Но, зошто критиките во последно време се сфаќаат лично?
Стојадиновиќ смета дека одговорот треба да се бара во структурата на политичките партии во Македонија, додавајќи дека нападот може да се случи во отсуство на соодветен одговор:
Јас колку што ги следам состојбите во македонската политика во овие неколку децении мислам дека таа никогаш не ја изгубила оваа своја суштина, само во различни времиња, на различен начин луѓето ја доживувале.