Хрватска е единствената земја од Западен Балкан со шанси наскоро да стане членка на Европската унија, но нејзините жители не се ентузијасти во врска со таквата иднина. Во сите други земји од регионот: Македонија, Албанија, Босна, Косово и Србија, на Унијата се гледа попријателски, покажува најновото истражување на Галуп Интернешенел чии целосни резултати ќе бидат објавени утре.
Освен во Хрватска, граѓаните на другите земји од Западен Балкан на референдумите би гласале за членство во Европската унија.
Нивото на поддршка оди од 63 проценти во Србија до 93 насто во Албанија.
Но, ниту една од нив не е толку блиску до Унијата како што е Хрватска за која се смета дека ќе стане членка во 2013 година.
„Евро-поддршката во Хрватска достигна најниско ниво, дури пониско од она кога земјата беше во првата предкандидатска фаза за влез во Унијата“, се наведува во истражувањето на Галуп.
Имено, само еден од четворица Хрвати на пристапувањето во Европската унија гледа позитивно.
Меѓутоа, во хрватското Министерство за надворешни работи сметаат дека ваквото расположение деновиве било сменето благодарение на напредокот на преговорите со Брисел, особено по решавањето на спорот со Словенија.
Во секој случај, според аналитичарите, интересен е фактот што евроскептицизмот е најголем во земјата која всушност е најблиску до Европската унија.
Од друга страна, на Косово кое единствено нема официјални врски со Унијата, бидејќи пет нејзини членки не го имаат признаено, владее најголем ентузијазам.
Слично е и во другите балкански држави, на пример во Албанија 81 насто, а во Македонија 60 проценти.
Според истражувањето на Галуп, во Хрватска Македонија и Албанија сметаат дека најмногу пречки за нивните европски интеграции доаѓаат од соседните земји.
За Македонија и Албанија тоа е Грција, а за Хрватска тоа е Словенија. Од друга страна, Србија како најголема пречка ја гледа Холандија, Косово, Шпанија и Грција, Црна Гора смета дека тоа е Германија, а Босна, Британија.
Во сите балкански земји Австрија се доживува како најголем поддржувач на нивните европски стремежи.
Што се однесува до очекувањата кога би можело да се стане членка на Унија, Албанија е најоптимистичка, односно во 2014 година, а граѓаните на Србија и на Косово сметаат дека тоа ќе го направат истовремено во 2017 година.
Истражувањето на Галуп покажа и тоа дека граѓаните на државите од Западен Балкан се најмногу загрижени од економските проблеми и корупцијата која е најтешка на Косово.
Имено дури 91 насто од косовските граѓани веруваат дека нивната влада е корумпирана.
Коментирајќи ги резулатите на истражувањето, Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии во Софија изјави:
„Граѓаните во регионот се учат да живеат во нефункционални држави и во лошо управувани демократии. Тие исто така се учат на уметноста на подносливо незадоволство.“

Хрватската премиерка Јадранка Косор и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на средба во Брисел на 25 октомври