Партиите без поддршка

Од последниот митинг на опозицијата во Скопје

Расте бројот на неопределени граѓани, а партиските митинзи се се помалку посетени. Граѓаните сакаат реални подобрувања, а не статистика, велат експертите.
Политичките партии се потешко успеваат да ги мобилизираат граѓаните околу некоја идеја. Анкетите покажуваат дека повеќе од половина од граѓаните се неопределени или дека не и веруваат на ниту една партија.

„Не, не затоа што сите лажат.“
Досега секогаш сум излегувала на избори, но веќе нема да го правам тоа.


„Некои да, ама тие се 10 отсто.“

„Собираат поени за гласови, за ништо друго.“

„Досега секогаш сум излегувала на избори, но веќе нема да го правам тоа.“

Резултатите од анкетата што ја нарача весникот Дневник прад два месеци, покажуваат дека граѓаните веќе не се „палат“ толку на партиите. На прашање „Ако излезете на избори за која партија би гласале?“, половина од анкетираните одговориле дека се неопределени или не сакале да одговорат.
,Никогаш не бил повисок процентот на неопределени, околу 55%. Во такви услови мислам дека е нереално политичарите да очекуваат дека нивните митинзи ќе бидат посетени од граѓаните


Аналитичарите велат дека за да може партиите да ги обединат луѓето околу некоја идеја, прво треба да ја имаат идејата.


На прославата на 20-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ летоска во Скопје се собраа околу 10 илјади луѓе. Десетина дена подоцна на протестот на опозицискиот СДСМ немаше повеќе од 30 илади луѓе, и покрај тоа што партиската машинерија беше активно вклучена да донесе што повеќе луѓе од цела Македонија. Со масовна посетеност не може да се пофали ни партијата Обединети за Македонија која минатата недела организираше бунт против владата.

Политикологот Владимир Мисев вели дека граѓаните сакаат реални подобрувања, а не статистика.

„Никогаш не бил повисок процентот на неопределени, околу 55%. Во такви услови мислам дека е нереално политичарите да очекуваат дека нивните митинзи ќе бидат посетени од граѓаните и токму тоа на еден наједноставен начин ја прикажува нивната визија, односно невизија за светот во кој живеат.“

Комункологот Сеад Џигал вели дека предолгата транзиција и партизацијата на целото општество се причини за апатијата. За политичките елити да може да ги мобилизираат граѓаните околу одредена идеја, тие треба да се отворат кон нив, вели тој.

„Ако почувствуваат дека се ислушани, дека нивните сугестии, забелешки, критики итн, се апсорбираат од локалната и централната власт тие тогаш ќе бидат мотивирани да бидат поактивни. Значи клучот е во партиципацијата на граѓаните во решавање на секојдневните проблеми, од асвалтирање на една улица до решавање на големите политички прашања.“

Од друга страна, вели Џигал, ваквата состојба на неопределеност или апатичност им оди во прилог на политичките партии.

„Расте тој квантум или таа група на луѓе кои не сакаат да бидат дел од ваквиот политички процес, а тие што се поактивни всушност се редуцираат на оние кои што се подконтрола на политичките сујбкети или тоа се оние така наречени, партиски активисти.“

Партиите, пак, секогаш велат дека се задоволни од подршката.