Македонската Влада ја дефокусира јавноста од суштината на извештајот на Европската Комисија, избегнувајки ја дебатата за слабостите, оценуваат повеќето аналитичари. Според власта, излегува дека најважно е што на Македонија и натаму и остана препораката за почнување на преговорите, но не и датум, а најлошо што го немало терминот македонски, кој го нема веќе 5 години.
И покрај тоа што од страна на власта акцентот беше ставен врз повторената препорака за отпочнување преговори со Унијата, евидентно па дури и математички можат да се пресметаат слабостите за напредокот на земјата во овогодинешниот извештај на ЕК на нив се упатени остри критики и се бараат итни реформи. Партизираната и преобемна администрација, борбата против корупцијата и политичките влијанија врз судството како и некои нови забелешки како што е загрозувањето на слободата на медиумите. Јасно е дека во интерес на власта е вниманието да се дефокусира од нив, велат експертите.
Слушајќи ги претставниците на власта се добива впечаток дека тоа е оркестрирано да се фали оној дел што е поволен, а да е избегнува дебата за оној дел каде што оценките се
лоши.
„Слушајќи ги претставниците на власта се добива впечаток дека тоа е оркестрирано да се фали оној дел што е поволен, а да е избегнува дебата за оној дел каде што оценките се лоши“, вели професор Денко Малески.
Во овој контекст може да се гледа и на развиената дебата околу употребата на официјален наместо македонски јазик во извештајот па дури и вчера објавената одлука на антикорупциската комисија да побара кривично гонење на поранешниот претседател, сегашниот лидер на опозицијата Бранко Црвенковски, додаваат експертите.
„Јас мислам дека е тенденција да се дефокусира јавноста и да се избегне дебатата за забелешките во извештајот и ова е дел од кампањата за успешноста што се промовира од страна на владата, но се избегнува дебата за работите кои што не се реализирани“,
Јас мислам дека е тенденција да се дефокусира јавноста и да се избегне дебатата за забелешките во извештајот
Власта тргнува од повторената препорака да отпочнат преговорите за членство како главно алиби да се потенцираат позитивните страни а забелешките да се стават во втор план, вели Малески, иако од извештајот јасно може да се заклучи и дека реформските процеси во изминатава година го немале задоволителнто темпо кое требало да го имаат во една земја кандидат за членство во Унијата .
Уште помалку во него треба да се појавуваат нови прашања и нови забелешки, забележуваат експертите. Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера не се согласи со премиерот дека Македонија годинава е оценета попозитивно од лани туку се обиде да не потсети на реалноста дека освен повторување на препораката тој содржи и слабости на кои треба да се фокусираат идните реформи и тоа го илустрираше со бројки.