Утврдување на позициите за преговорите со Грција, се очекувањата од посетата на заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европски прашања Томас Кантримен.
Посетата на Томас Кантримен е обид да се испита пулсот на јавноста пред ноемврискиот самит на НАТО во Лисабон. Од Владата информираат дека Кантримен и премиерот Груевски ќе разговараат за евроатланските интеграции на земјата како нејзини стратешки цели, а нема да биде одминато ниту прашањето за спорот со името.
Премиерот, велат од владата, ќе го информира Кантримен за спроведените реформи и прогресот кој земјава го направила во одредени области. Според експертите пак, присуството на Кантримен во земјава не треба да се сфати како последен обид на САД да издејствуваат некакво решение на спорот со името.
Професорот Димитар Мирчев вели дека такво прашање не може да се реши кај нас, туку во други центри на моќ, но не негира дека посетата на Кантримен и
Разговорите што ќе ги има со нашите власти ќе бидат многу корисни за утврдување на позициите и веројатно тој ќе даде некаков објективен извештај за состојбите, но не верувам дека тоа ќе има влијание на напорите да се одблокира влезот на Македонија во НАТО
,,Во секој случај една корисна посета за сите, разговорите што ќе ги има со нашите власти ќе бидат многу корисни за утврдување на позициите и веројатно тој ќе даде некаков објективен извештај за состојбите, но не верувам дека тоа ќе има влијание на напорите да се одблокира влезот на Македонија во НАТО." изјави Мирчев.
Неодамна Кантримен изјави дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во блиска иднина Македонија да го надмине спорот со името, со што би се создале услови за членство во НАТО додавајќи дека САД ќе продолжат со соработката со Македонија за исполнување на целите за евро-атлантска интеграција на земјата. Тој истотака истакна дека програмата од Охридскиот Рамковен договор во голем дел е веќе имплементирана, но сепак претстои уште многу работа во подобрување на нејзината примена.
Покрај средбата со премиерот, високиот дипломат на американскиот Стејт департмент ќе оствари средби и со лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз, Бранко Црвенковски и претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети.
Кантримен доаѓа во Македонија како дел од неговата регионална турнеја во која се вклучени посети на Белград, Подгорица, Тирана и Приштина. Тој е во прва дипломатска мисија во регионот, откако неодамна беше именуван за заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.
Кантримен на новата функција го наследи Стјуарт Џонс и важи за добар познавач на прашањето за името. Во периодот пред Самитот на НАТО во Букурешт, од 2005 до 2008 година беше заменик амбасадопр на САД во Атина.