Фундаментализмот му штети на исламот, вели професор Мустафа Билге, кој беше дел од конгресот за исламската цивилизација во Скопје.
Професорот Мустафа Билге сонува за денот кога муслиманите и христијаните ќе живеат заедно без да им биде важно на која вера му припаѓа другиот. Со носталгија зборува за времето кога тој и неговите другари од христијанска вероисповед се дружеле и заедно ги прославувале религиозните празници. Денес, признава тој, работите се променија. Свесен е за постоењето на исламските радикални групи и нивните воени активности што ја загрозуваат сигурноста на луѓето и ја уриваат довербата на верниците.
„Ако казните мачка или ако сериозно го казните вашето дете, ќе видите дека тоа ќе најде начин да се заштити од вас. Тоа ќе го напушти својот дом и родителите, оти е третирано лошо. Значи тоа е нивниот начин на одбрана. И постоењето на таквите групи може да го сфатите така. Тие се бранат од некој и нешто. Пред да ги осудиме треба да се обидеме да сфатиме зошто тие го прават тоа. Ако го прават тоа во име на исламот, тогаш може да кажеме дека тие имаат погрешна перцепшција за исламот, оти тој не го дозволува тоа што тие го прават.“
Тој се сомнева дека зад постоењето на овие групи постојат политички причини.
„Мораме да се осврнеме на изворите од каде го добиваат оружјето што го користат. Без него, како можат да дејствуваат и да вршат терор? Тоа мора да го прават со финансиска помош од некој. Тогаш да прашаме кој ги снабдува со оружје, кој им нуди парична помош, мора тоа да го откриеме. Гледаме дека има терористички активности, и за тоа се користат луѓе кои се малку едуцирани, нивното знаење за исламот е ограничено и кои се манипулирани од некој во позадина. Некој кој ги користи како играчка во своите раце.“
Професорот го прашавме дали таквите групи постојат на Балканот и колку се опасни за безбедноста на државата. Вели дека доколку ги има тие одржуваат контакти со исти такви групи од надвор и тоа го прават за остварување на политички цели. Опасноста е голема, предупредува Билге. Никој не посакува таквите групи и нивните деструктивни активности да се прошират.
„Не сакаме да ги делиме луѓето според религијата. Сакаме соживот. Јас ве почитувам како христијанин, вас, вашето верување и начин на живот. Се надевам дека и вие ќе ме почитувате мене и мојот начин на гледање на животот.“
Билге е убеден дека исламската верска заедница има моќ да се справи со фундаменталистите.
Вели дека мора да се почне од откривање на луѓето кои стојат позади нив и нивното дејствување За Билге добриот муслиман и вистинскиот верник, не знае да направи нешто лошо, оти во исламот како верување не постои нешто како што е теророт, заклучува професорот.
И постоењето на таквите групи може да го сфатите така. Тие се бранат од некој и нешто. Пред да ги осудиме треба да се обидеме да сфатиме зошто тие го прават тоа. Ако го прават тоа во име на исламот, тогаш може да кажеме дека тие имаат погрешна перцепшција за исламот, оти тој не го дозволува тоа што тие го
прават.
„Ако казните мачка или ако сериозно го казните вашето дете, ќе видите дека тоа ќе најде начин да се заштити од вас. Тоа ќе го напушти својот дом и родителите, оти е третирано лошо. Значи тоа е нивниот начин на одбрана. И постоењето на таквите групи може да го сфатите така. Тие се бранат од некој и нешто. Пред да ги осудиме треба да се обидеме да сфатиме зошто тие го прават тоа. Ако го прават тоа во име на исламот, тогаш може да кажеме дека тие имаат погрешна перцепшција за исламот, оти тој не го дозволува тоа што тие го прават.“
Тој се сомнева дека зад постоењето на овие групи постојат политички причини.
„Мораме да се осврнеме на изворите од каде го добиваат оружјето што го користат. Без него, како можат да дејствуваат и да вршат терор? Тоа мора да го прават со финансиска помош од некој. Тогаш да прашаме кој ги снабдува со оружје, кој им нуди парична помош, мора тоа да го откриеме. Гледаме дека има терористички активности, и за тоа се користат луѓе кои се малку едуцирани, нивното знаење за исламот е ограничено и кои се манипулирани од некој во позадина. Некој кој ги користи како играчка во своите раце.“
Професорот го прашавме дали таквите групи постојат на Балканот и колку се опасни за безбедноста на државата. Вели дека доколку ги има тие одржуваат контакти со исти такви групи од надвор и тоа го прават за остварување на политички цели. Опасноста е голема, предупредува Билге. Никој не посакува таквите групи и нивните деструктивни активности да се прошират.
Не сакаме да ги делиме луѓето според религијата. Сакаме соживот.