Експертите порачуваат дека без создавање на поволна клима, странските инвеститори ќе ја одминуваат Македонија.
Привлекување на повеќе странски инвестиции во Македонија и остварување на поголем извоз. Тоа ќе бидат приоритетите на новиот претседател на Советот за странски инвестиции Колин Џефри кој е поранешен директор за стратешко планирање на компанијата Џонсон Мети. Заедно со Агенцијата за странски инвестиции и со Владата тие ќе работат на проширување на полето на потенцијални инвеститори од целиот свет.
,,Тоа не значи само конкретно Британија или пак Европската унија, туку Кина, Индија, дури и Средниот исток, Азија и западна Африка. Сите оние кои имаат пари, а сакаат да инвестираат и да се развиваат во други земји и тоа ќе биде еден од предизвиците на кои ќе работам."
Џефри вели и дека е во план и зголемување на извозот, особено во Европската унија, Турција и западна Африка. Заедно со инвестициите според него тоа ќе придонесе и за подобрување на инфраструктурата во земјата. Економистот Џевдет Хајредини вели дека во последните години влада не успеала земјата да создаде поволна клима за инвеститорите.
,,Владата не успеаа да изгради функционална државна администрација, не успеа да изгради независно судство, не успеа да создаде клима за да ги привлече странските инвеститори во Македонија."
Новиот британски амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека сите компании кои размислуваат за инвестирање во една земја најпрвин гледаат дали таму ќе ги имаат потребните услови за работа.
,,Станува збор за три принципи: предвидливост, јасност и фер услови. Кога инвеститорите гледаат дека во земјата тие принципи се воспоставени, тоа им дава доверба дека можат да инвестираат. Затоа ги охрабрувам британските компании да видат дали ги има тие можности овде, и ги охрабрувам реформите за евроинтеграции кои би помогнале да се потврди постоењето на соодветна атмосфера. "
Во Советот на странски инвеститори кој е составен дел на Стопанската комора на Македонија членуваат над 170 компании со доминантен странски капитал од земјава. Досегашен претседател на советот беше Георг Валнер од ЕВН.
Џефри веќе не е директор во „Џонсон Мети“
Од централата на „Џонсон Мети“ во Лондон за Радио Слободна Европа потврдија дека Колин Џефри веќе не е директор за стратешко планирање. Џефри отстапил од функцијата на 31 март годинава. Македонските медиуми, од друга страна, го претставија новиот претседател на советот за странски инвестиции како вработен во британската компанија а во некои медиумски извештаи и како вршител на директорска функција. Дури и во соопоштението за јавност на Стопанската комора на Македонија се наведува следново: „На оваа функција, наместо досегашниот Георг Валднер од ЕВН Македонија, стапува токму Џефри Колин од ’Џонсон Мети’ “. На конференцијата за печат, вработена во комората го претстави новоизбраниот претседател како „Колин Џефри од Џонсон Мети“.
Тоа не значи само конкретно Британија или пак Европската унија, туку Кина, Индија, дури и Средниот исток, Азија и западна Африка. Сите оние кои имаат пари, а сакаат да инвестираат и да се развиваат во други земји и тоа ќе биде еден од предизвиците на кои ќе работам
,,Тоа не значи само конкретно Британија или пак Европската унија, туку Кина, Индија, дури и Средниот исток, Азија и западна Африка. Сите оние кои имаат пари, а сакаат да инвестираат и да се развиваат во други земји и тоа ќе биде еден од предизвиците на кои ќе работам."
Џефри вели и дека е во план и зголемување на извозот, особено во Европската унија, Турција и западна Африка. Заедно со инвестициите според него тоа ќе придонесе и за подобрување на инфраструктурата во земјата. Економистот Џевдет Хајредини вели дека во последните години влада не успеала земјата да создаде поволна клима за инвеститорите.
,,Владата не успеаа да изгради функционална државна администрација, не успеа да изгради независно судство, не успеа да создаде клима за да ги привлече странските инвеститори во Македонија."
Новиот британски амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека сите компании кои размислуваат за инвестирање во една земја најпрвин гледаат дали таму ќе ги имаат потребните услови за работа.
Станува збор за три принципи: предвидливост, јасност и фер услови