Гасификација на Куманово

Куманово

Поголемиот дел од изградбата на гасоводната мрежа во Куманово веќе е при крај и идната грејна сезона се очекува и комплетна гасификација на домаќинствата.
Изминатите три години јавното локално претпријатие „Куманово-гас“ и локалната самоуправа интензивно преземаат мерки за гасифицирање на градот. Сите можни анализи и елаборати покажале дека гасифицирањето на најголемата локална самоуправа ќе ги спаси граѓаните од високите цени на струјата, на огревното дрво, нафтата. Поголемиот дел од изградбата на гасоводната мрежа во близина на јавните и државните институции веќе е кон крај, а за идната година, односно идната грејна сезона се очекува и домаќинствата да се гасифицираат. За сега според Олгица Димитријевска раководител во “Куманово-гас“.

„Приоритет е Гимназијата „Гоце Делчев“ да добие природен гас. Покрај јавните и државните институции за идната година се планирани и домаќинствата, односно со гасоводната мрежа да бидат опфатени две третини од градот.“

За проблемот со АД „Гама “ од Скопје, Димитријевска вели:

„Конечни договори со АД „Гама“ се направени. Тие ќе ја постават мерната регулаторна станица во близина на автопатот, со што Куманово ќе биде приклучено кон гасоводната мрежа.“

Приклучувањето на домаќинствата ќе изнесува околу 800 евра,што за дел кумановци не е висока сума или е инвестиција која подоцна со помали сметки за електрична струја или пак за купување огревно дрво е повеќе поднослива. Некои пак сметаат дека немаат толку пари наеднаш да платат за да им се гасифицира станот или куќата. А некои се скептични и сметаат дека во „Куманово гас“ не е вработен соодветно стручен кадар, па затоа и не сакаат да ставаат бомба во куќа.
Како и секоја новина така и оваа кумановци ќе ја прифатат или не откако ќе помине времето, а за економичноста и безбедноста од гасифицирањето ќе се учат на искуствата на нивните соседи, сограѓани.

Ќе воведете ли гас во вашиот дом?
Ке биде поекономично. Кога се гледа колку плакаме за струја подобро е да даам 800 евра а тие пари преку сметките ке се рефундираат...

„Да. Нормално. Ќе биде поекономично. Кога ќе се види колку плаќаме струја која е многу скапа, подобро е да дадам 800 евра,а тие пари преку сметките ќе се рефундираат. Решен проблем. Добро ќе биде.“

„Под итно. Гасот е многу битна ставка и среќа што „Гаспром“ ќе ни пушти гас за поевтино греење и порентабилна работа на фабриките. Имам парно што не можам да го пуштам на скапа струја,скапа нафта. Мислам дека 50 отсто ќе биде поевтино со гасот.“

Газпром
Меѓутоа има и поинакви ставови:

„Не. Не ми треба.“

„Имаме дрва. Прескапа инвестиција. Се грееме на дрва. Не е поевтино на дрва, ама воведувањето со 800 евра во моментот е скапо.“

Не е исклучено пак кога ќе започне гасифицирањње на домаќинствата надлежните да дадат поповолни услови,како што е плаќање на рати. Можеби идната година кумановци ќе го сменат мислењето за гасот, а можеби и нивниот животен стандард ќе се подобри.