Забавена обновата на светската економија

Економија во светот продолжува да заздравува од финансиската криза, но состојбата и натаму останува кревка. Тоа е дијагнозата на Меѓународниот монетарен фонд која деновиве во Вашингтон го објави својот двегодишен Светски економски преглед во пресрет на годишниот состанок на ММФ и Светска банка.
Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за глобалниот раст за идната година на 4,2 проценти, од 4,3 насто, колку што проектираше во јули.

Од друга страна, до крајот на годинава светската економија треба да порасне за 4,8 проценти, што е за 0,2 насто повеќе од претходната прогноза.

ММФ вели дека ризикот од таканаречена двојна рецесија, што подразбира негативен раст во момент кога економијата заздравува е многу намален.

Сепак, главниот економист на ММФ Оливие Бланшар оценува дека целокупниот економски раст во светот бележи забавување.
Ако ги погледнете потрошувачите, тие трошеа како луди. Нивната стапка на штедење се сведе на нула што доведува до слаба потрошувачката. Финансискиот систем не е во добра форма , а пазарот со станови е во неред, има многу непродадени куќи. Сите овие работи силно ја запираат потрошувачката...


,,Заздравувањето забавува. Она што се случува сега е тоа што некои од силите кои стојат зад опоравувањето се исфрлени од употреба, било да станува збор за инвестициите или за фискалниот стимуланс. Сега главна е потрошувачката, а таа во развиените земји, не е многу силна.,,

ММФ смета дека се уште не е уверен во можноста од комплетно излекување од глобалната финансиска криза, бидејќи корективните политики не биле долготрајни за да се овозможи непречена транзиција од државна помош кон приватни иницијативи.

Фондот во исто време предвидува дека економиите во развој во идната година ќе растат три пати побрзо од богатите земји и оти на порастот на Кина ќе се возат многу економии, особено во земјите кои извезуваат во таа земја.

Од друга страна, иако глобалниот економски раст треба да достигне 4,8 насто, тој во 16 земјите од еврозоната се очекува да достигне само 1,7 проценти.

Во Германија, најголемата европска економија, Фондот предвиде скромно закрепнување. Тоа би се должело на слабеењето на очекувањата на германските трговски партнери.

Бланшар изјави дека закрепнувањето во побогатите земји е послабо, поради лузните што ги остави кризата.

,,Ако ги погледнете потрошувачите, тие трошеа како луди. Нивната стапка на штедење се сведе на нула или пак имаа многу долгови, така што тие сега треба да штедат многу, што доведува до слаба потрошувачката. Финансискиот систем не е во добра форма што значи дека некои од фирмите се многу задолжени, а пазарот со станови е во неред, има многу непродадени куќи. Значи сите овие работи силно ја запираат потрошувачката, но и инвестициите.,,

Меѓународниот монетарен фонд, исто така, предупреди на можноста од прелевање на проблемите од Грција, Ирска, Португалија и Шпанија, кои имаа тешки долгови.

Во исто време, богатите земји треба да ја завршат поправката на нивната финансиски сектори и да започан да ги намалуваат буџетите, се наведува во најновиот двегодишен извештај на Меѓународниот монетарен фонд.