Новиот патријарх на Српската православна црква Иринеј, во говорот по востоличувањето во Пеќката патријаршија апелираше до меѓународните фактори за правдено решавање на проблемот со статусот на Косово. Аналитичарите оценуваат дека таа порака била политички обоена, но додаваат, дека тоа не е ништо ново, со оглед на тоа што јавниот простор во Србија од поодамна е клерикализиран.
Пораката на новиот поглавар на Српската православна црква Иринеј во неделата во Пеќ имаше нагласено политичка интонација, оценува социологот по религија Мирко Ѓорѓевиќ.
„Патријархот Иринеј сепак овој пат го спомна, како што се изрази, чесниот албански народ, но од вториот дел на литургијата испаѓа дека Црквата има претензии да ја одредува државната политика спрема Косово, намсето да си го решава својот статус на Косово“, вели Ѓорѓевиќ.
Тој додава дека сепак, не станува збор за нешто ново со оглед на тоа што Синдот испраќал такви пораки и порано.
На исто мислење е и социологот Загорка Голубовиќ која на прашањето на новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ: дали и до кога Црквата ќе и дава тон на државната политика или пак властите во Белград во иднина ќе настојуваат да се еманципираат однејзиното туторство вели:
„Црквата за жал, толку влезе во порите на државата, што веќе не е можно да се одвои. Според тоа не му завидувам на претседателот Борис Тадиќ на позицијата на која се наоѓа. Тој мора да лаврира, а трендот на спојување на црквата со државата и натаму трае“, наведува Голубовиќ.
Таа прецизира дека претседателот Тадиќ не бил во можност да се дистанцира од тоа со оглед на неговото опкружување, односно на ситуацијата кога скоро секоја партија па и војската, како што вели, има своја слава.
„Мислам дека секој функционер на оваа држава кој појасно би се дистанцирал од клерикализацијата сигурно би ја изгубил власта. На крајот на краиштата гледате дека на сите партии во прв ред им е власта: оние што се во неа да ја задржат, другите да ја освојат.“
Со неа, се согласува и социологот по религија Мирко Ѓорѓевиќ кој за неподготвеноста на партиите и на политичарите да ја дистанцираат Црквата од општествените сектори во кои нема што да бара вели:
„Со оглед дека се наоѓаме во атмосфера на долгогодишна клерикализација, многумина политичари, па меѓу нив и првиот човек на Демократската партија и уставен поглавар на државата, водат сметка да добијат некаков поен и на тоа поле.“
„Патријархот Иринеј сепак овој пат го спомна, како што се изрази, чесниот албански народ, но од вториот дел на литургијата испаѓа дека Црквата има претензии да ја одредува државната политика спрема Косово, намсето да си го решава својот статус на Косово“, вели Ѓорѓевиќ.
Тој додава дека сепак, не станува збор за нешто ново со оглед на тоа што Синдот испраќал такви пораки и порано.
На исто мислење е и социологот Загорка Голубовиќ која на прашањето на новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ: дали и до кога Црквата ќе и дава тон на државната политика или пак властите во Белград во иднина ќе настојуваат да се еманципираат од
Црквата за жал, толку влезе во порите на државата, што веќе не е можно да се одвои. Според тоа не му завидувам на претседателот Борис Тадиќ на позицијата на која се наоѓа. Тој мора да лаврира, а трендот на спојување на црквата со државата и натаму
трае.