Нема опозициски фронт

Од последните протести на опозиционата СДСМ

Иако опозицијата најави активности за предвремени избори, засега ништо ново во поглед на формирање на големи опозициони фронтови за ,,уривање" на власта.
Објавувањето активности на опозицијата за распуштање на Парламентот засега не резултираше со чекори за окрупнување на политичката сцена во некој вид предизборни коалиции. Освен дефинираните два политички блока, неколку помали партии сеуште немаат однапред одредено дали ќе одат со опозицискиот фронт. Самостојно настапуваат и партиите на Бошковски и на Георгиевски, но тие не се на иста линија со Социјалдемократите. Треба да се фосираат коалиции, но да размисли за ефктите кои ќе се имаат во јавноста и во резултатите од самиот изборен циклус, изјави лидерот на скопските социјалдемократи Стевче Јакимовски. Некои коалиции ќе се прават предизборно други постизборно,рече Јакимовски во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела:

,,Мислам дека треба да се направи една добра стратегија осмислена стратегија во која што ќе може да се постигне најдобар можен ефект, меѓутоа мислам дека Георгиевски имаат сосема друго гласачко тело од СДСМ и затоа мислам дека во тој дел многу тешко би можело да се направи предизборна коалиција."

Пред изборна или пост изборна коалиција?

Аналитичарите сметатат дека профилирањето на идеолошки и програмски појасен начин е сегогаш добро за државата, но тоа бара време и развој на демократските процеси. Според нивните зборови тоа не може да се напарви со принудување на помалите политички актери да и пристапт на една или друга партија зошто тоа би претставувало укинување на слободата на помалите партии самостојно да делуваат. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели од позицијата на политички маркетинг подобро е да се коалицира предвремено односно да се направи широка коалиција на опозицискиот фронт и тоа да се претстави како народно движење, но дека за демократијата би пртставувало добар потег и кога македонските партии предвремено би излегле со заедничка платформа со албанска партија или со заеднички листи:

,,Немора тоа да биде дури и партија во опозиција на Албанците. Кога ќе се распишат предвремените избори мислам дека би било за демократијата во Македонија најупатно, македонските партии однапред да изберат албански партнер."

Анти владин протест во Скопје организиран од СДСМ


Засега немале таква ситуација да размислуиваат дали се можни предизборни коалицирања, велат во ДУИ во однос на концептот за коалиции според грагански а не според етнички концепт .Во Нова демократија сметаат има начин самостојно и албанската опозиција да се спротиставува на актуелната власт преку укажување на слабите точки на власта преку парламентот како опозиција.

,,Но, тоа немора да значи дека од друга страна не ја вршиме работата на ,,македонскиот" опозиционен блок."

изјави Аријанит Хоџа од Нова Демократија. Во врска со мотивите за средбите на лидерот на СДСМ со претставници од ДУИ и од ДПА во повеќе наврати во изминатиов период Јакимовски изјави дека е зрело за демократијата и добро за политичкиот живот што има такви средби како и со останатите политички партии и оти ако нема доволно добар политички дијалог на релација власт опозиција, односно меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, има разговори со дел од власта, а тоа е партијата на Ахмети. Мислам дека добро што партиите на албанците ДУИ и ДПА се сериозен политички фактор и мислам дека за крупни политички прашања е многу битно да се разговара со лидерите на тие партии, рече Јакимовски, но без да прецизира нешто поконретно.