Честото менување на закони, политичкото влијание и притисокот од банките го отежнуваат водењето приватен бизнис.
Тешко е да се води приватен бизнис во земјава, се жалат стопанствениците кои веќе подолго време се справуваат со последиците од економската криза. Постојаното менување на законските регулативи и нивното применување во секојдневаната работа знае да биде товар, а не ретко проблем претставуваат и блиските контакти на некои фирми со владини структури, вели Јован Дабевски, сопственик на приватна фирма.
„Регулативите, законите веќе се донесуваат масовно во духот на европските закони и тоа во привиот момент претставува новина, оптеретување, меѓутоа после тоа претставуваат олеснителна околност затоа што полесно се води бизнис кога правилата и условите се еднакви.“
За стопанственикот Зоре Темелковски најчест проблем на фирмите претставуваат секојдневните притисоци од банките кои бараат враќање на својот капитал:
„Банките притискаат за враќање на својот капитал, бидејќи тие нереално го ’испумпувале‘ капиталот на домицилната држава, тоа значи дека лошо функционирала Народната банка и не ги контролира тие реални пари.“
Темелковски потенцира дека присутна е поврзаноста на политиката и бизнисот, но според него таа нема услови за опстанок.
„Сметам дека тие фирми коишто се појавуваат моментално и кои што блеснуваат во време на една или друга политичка гарнитура, не се долгорочни, не опставуваат бидејќи потенцијалот на тие менаџери е концентриран да ги искористат некакви свои политички бенефиции што е катастрофа за Македонија.“
Експертите, пак, објаснуваат дека од економската слобода зависи степенот на економски развој. Колку е поголемо учеството на државата и јавниот сектор во БДП-то, толку е послаба економската слобода во земјава, вели Панче Јовановски, професор на Европскиот Универзитет во Скопје:
„Проблемот на македонската економија е што немаме верување, самите ние, во нејзиниот потенцијал, ако немаат домаќините верба во своето домаќинство ќе немаат ни странските. Тоа резултира со намален реален раст, намалени парични приливи од странство, намалени инвестиции, БДП итн.“
Според последните испитувања на Канадскиот Фрејзер институт, Македонија се наоѓа на 72 место по степенот на економска слобода. Најголема економска слобода, пак, е забележана во Хонг Конг.
Сметам дека тие фирми коишто се појавуваат моментално и кои што блеснуваат во време на една или друга политичка гарнитура, не се долгорочни.
„Регулативите, законите веќе се донесуваат масовно во духот на европските закони и тоа во привиот момент претставува новина, оптеретување, меѓутоа после тоа претставуваат олеснителна околност затоа што полесно се води бизнис кога правилата и условите се еднакви.“
За стопанственикот Зоре Темелковски најчест проблем на фирмите претставуваат секојдневните притисоци од банките кои бараат враќање на својот капитал:
„Банките притискаат за враќање на својот капитал, бидејќи тие нереално го ’испумпувале‘ капиталот на домицилната држава, тоа значи дека лошо функционирала Народната банка и не ги контролира тие реални пари.“
Темелковски потенцира дека присутна е поврзаноста на политиката и бизнисот, но според него таа нема услови за опстанок.
Проблемот на македонската економија е што немаме верување, самите ние, во нејзиниот потенцијал, ако немаат домаќините верба во своето домаќинство ќе немаат ни
странските.