Македонија остана единствената земја на Балканот која сеуште води процес што ги кочи евроатлантските процеси. Соседните земји успешно ги решија своите проблеми.
По усвојувањето на предлог резолуцијата на Србија за Косово од Генералното собрание на Обединетите Нации, како и решавањето на територијалниот спор на Хрватска со Словенија во интерес на нивната европска иднина, единствено Македонија останува земјата на Балканот која сеуште води процес кој и ги кочи евроатланските интеграции. Тогаш според експертите се поставува прашањето, кога нашите соседи можеа да седнат и да се договорат за да изградат подобар живот за своите граѓани, зошто неможе власта да ја научи лекцијата и Македонија да не остане последната алка која ќе недостасува во синџирот. За политичкиот аналитичар Мерсел Биљали проблемот е во недостигот на политичка волја, бидејќи сите околни држави сложените проблеми ги сведоа на едноставни, дури и кога беше во прашање менување на територијалните граници.
,,Кај нас за жал од простиот или едноставниот проблем се прави сложен проблем за да не се реши, а се гледа дека последиците се огромни. Се гледа дека Македонија практично стана меѓу последните не само во Европа, туку и во светот."
Професорот Здравко Савевски вели дека сликата не е толку црна и кај власта има желба за компромис. Според него разговорите за решавање на спорот со името меѓу Грција и Македонија се водат зад затворени врати, поради притисокот од јавноста. Но, реалноста е дека земјата на крајот мора да направи одреден компромис, ако сака да стане дел од европското семејство.
,,Неможе да се каже со секоја сигурност дека работите се движат во позитивна насока, но е можно она што се нарекува, тајна дипломатија што го случајов неможе да се осуди како сосема негативна работа, бидејќи под притисок на јавноста таа не е подготвена за компромиси."
Позицииите на јужниот сосед и меѓународната заедница одамна се јасни, Македонија ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија и ќе биде членка на НАТО Алијансата само во оној момент кога ќе го реши прашањето со името.
Кај нас за жал од простиот или едноставниот проблем се прави сложен проблем за да не се реши, а се гледа дека последиците се огромни. Се гледа дека Македонија практично стана меѓу последните не само во Европа, туку и во светот