Манастирот Трескавец во Прилепско мета на девијантно однесување на некои посетители кои не го почитуваат куќениот ред во манастирот.
Прилепскиот манастир Трескавец се наоѓа на оддалеченост од 10-ина километри од градот и со оглед на непристапноста на теренот е најпосетениот и единствен духовен храм во Македонија, со зачувани археолошки слоеви од 14 век. Ова духовно светилиште, кое било заштитник на градот од средновековието, ја зачува својата религиска димензија до денес, но сепак е изложен на се поголемото девијантното однесување на дел посетители, со отсуство на респект кон неговата духовна димензија. Неодамна се случи преседан, злоупотреба на тинејџер во една од манастирските простории, што предизвика згрозување кај надлежните црковни лица, а оттогаш реакциите на МПЦ се погласни. Ако не од вера, барем од култура да се почитува куќниот ред на манастирот, апелира отец Калист, кој се грижи за овој духовен храм, посветен на Успението на Пресвета Богородица.
,,Без исклучок сите човечки слабости со кои се соочуваме долу во градовите, во селата, во работните организции, претпријатијата...каде и да имам група на луѓе буквално се е пренесено и во манастирот: пушењето, од алкохолизмот, од злоупотребата на дроги, злоупотреба на најразлични прихотропни супстанци да ги наречеме.“
Иако без пристапен пат, доволно вода, канализација,со нерешни бројни инфраструктурни и комунални проблеми, илјадници граѓани, верници, туристи, љубители на природата и културно-историските вредности постојано го посетуваат ова светилиште кое гордо се издига над градот. Но, за жал археолошките вредности досега речиси и да не се истражувани. Фреските се распаѓаат, или како што велат луѓето во манастирот, секој ден метат вредни остатоци од фрески, а столбовите на манастирот се во фаза на распаѓање..
,,Столбовите кои што се сите распукани, сите се со црвојадина, не се заштитени навреме, имаме дури и официјален записник од Завод и Музеј дека чардаците, под итно мора да се сменат сите столбови кои се носечки“, посочува отец Калист.
Тој изразува надеж дека Министерството за култура за кусо време ќе оддвои средства за да продолжат археолошките истражувања, кои се услов за реставрација на комплексот.
,,Трескавец покрај оној аспект што го има денес, како едно место кое што е репер од аспект за духовност за Пелагонија и Централно-балканскиот простор, има едни свои исклучителни духовни наслаги кои допрва со истражувањата можеби ќе се откријат во целиот свој сјај“, изјави археологот, д-р Бранислав Ристески, виш стручен соработник во прилепскиот Институт за старословенска култура.
Манастирот изобилува со богата фрескодекорација, иконопис, архитектура, има огромна култна вредност, од хелинистичкиот период, кога во населбата Колобаиса е утврдено постоење на храм посветен на Аполон и Артемида. Многу пати е пален, а последната обнова е пред 20-ина години, кога прилепчани со донации го изградија од темел опожарениот Трескавец, како доказ за нивната нераскинлива поврзаност со манастирот, што се издига високо на падините на Златоврв, од каде се гледаат планините Баба, Бабуна и Ниџе.
Поради сите овие убавини, манастирот е во фокусот на интересот и на странските медиуми, кои се особено фасцинирани од фактот што како што велат стотици тинејџери за манастирската слава пешачат од рани зори за да дојдат на поклонение пред портите на ова духовно светилиште.
Без исклучок сите човечки слабости со кои се соочуваме долу во градовите, во селата, во работните организции, претпријатијата...каде и да имам група на луѓе буквално се е пренесено и во манастирот: пушењето, од алкохолизмот, од злоупотребата на дроги, злоупотреба на најразлични прихотропни супстанци да ги наречеме