Со очекувања за добар пласман, македонските борачи Дејан Митров, Дејан Богданов и Александар Георигиев го очекуваат настапот на СП во борење во Москва.
Со најави за висок пласман, па и освојување медал, македонските борачи Дејан Митров (66 килограми), Дејан Богданов (84 кг) и Александар Георгиев (96 кг), го очекуваат настапот на СП во Москва. Тие таму ќе се борат в сабота и недела, кога ќе треба да ги оправдаат, како што самите истакнуваат, извонредните услови за подготовки овозможени од МОК и АМС. Борачите ветуваат дека ќе дадат се од себе за да се оддолжат со резултат за паметење, за што, според селекторот Страшо Глигоров, се исполнети неколку предуслови.
„Имавме квалитетни подготовки, претходно имавме настапи на меѓународни турнири, нашите борачи се бореа зрело. Пред се сакам да го истакнам настапот на Дејан Митров и на Богданов, кој е проследен претходно со високи спортски резултатите на Европските и светски натпревари. Се наоѓаат во добра форма, имаме добро расположение и мислам дека ќе имаме и добра среќа за еден добар настап на светското превенство“, изјави Глигоров.
Тој очекува во Москва да го освоиме првиот мундијалски медал по среброто на натурализираниот Могамед Ибрагимов, пред 12 години. Од тогаш ниту еден наш борач не влезе во полуфинале. Тоа беше случај и со осмиот од претходното СП, Дејан Богданов, кој за малку не стигна до трофеј и на последните ЕП.
„Од 2006 година се се ,,врти" околу медалот, два пати бев петти, еднаш осми на Светското, се во последен момент се случува да ја изгубиме борбата, очекуваме дека еден ќе го скрши малерот и дека ќе освоиме медал. Конкуренцијата е на големо ниво, секоја борба одлучува за поен, ние мислам дека сме добро подготвени очекуваме дека ќе покажеме добра борба“, рече Богданов.
Тој е освојувач на европско сребро и бронза во кадетска, како и бронзен медал во младинска конкуренција. Оптимизмот е присутен и кај Дејан Митров. И тој посакува сениорски медал, по бронзите меѓу кадетите и младинците. Тие се доказ дека имаме квалитет за најценетиот пиедестал, но, она што барем засега ни е пречка и за резултатска потврда е немањето:
„Конкуренцијата, активноста на другите борачи... На пример во Бугарија имаат по 40 борачи во категорија, а кај нас има по 10 борачи, тоа е пресудно, конкуренцијата во Македонија.“
Истакна Митров. Тој на душекот во Москва ќе се појави в недела, а за еден ден претходно, на 11-ти септември, е закажан настапот на Богданов и Георгиев.
Имавме квалитетни подготовки, претходно имавме настапи на меѓународни турнири, нашите борачи се бореа зрело. Се наоѓаат во добра форма, имаме добро расположение и мислам дека ќе имаме и добра среќа за еден добар настап на светското превенство.
„Имавме квалитетни подготовки, претходно имавме настапи на меѓународни турнири, нашите борачи се бореа зрело. Пред се сакам да го истакнам настапот на Дејан Митров и на Богданов, кој е проследен претходно со високи спортски резултатите на Европските и светски натпревари. Се наоѓаат во добра форма, имаме добро расположение и мислам дека ќе имаме и добра среќа за еден добар настап на светското превенство“, изјави Глигоров.
Тој очекува во Москва да го освоиме првиот мундијалски медал по среброто на натурализираниот Могамед Ибрагимов, пред 12 години. Од тогаш ниту еден наш борач не влезе во полуфинале. Тоа беше случај и со осмиот од претходното СП, Дејан Богданов, кој за малку не стигна до трофеј и на последните ЕП.
„Од 2006 година се се ,,врти" околу медалот, два пати бев петти, еднаш осми на Светското, се во последен момент се случува да ја изгубиме борбата, очекуваме дека еден ќе го скрши малерот и дека ќе освоиме медал. Конкуренцијата е на големо ниво, секоја борба одлучува за поен, ние мислам дека сме добро подготвени очекуваме дека ќе покажеме добра борба“, рече Богданов.
Конкуренцијата е на големо ниво, секоја борба одлучува за поен, ние мислам дека сме добро подготвени очекуваме дека ќе покажеме добра
борба.