Како ќе се преживее? Бранот поскапувања веќе започна. Граѓаните во страв како ќе истуркаат во услови на исти плати, а зголемени цени.
На есен почнува училиштето, требаат пари за зимница, за огрев, за топла облека .... и знате веќе... ова се тешки времиња на економска криза, иако многумина ке речат дека Македонија постојано е во некаква криза која ги удира сите без разлика на вера и нација.
.
До кога Македонците ќе го стегаат ременот? Ова прашање се наметнува по неодамнешните поскапувања на лебот, шеќерот, млекото, зејтинот и брашното. Нови цени осамнаа и низ пазарите, каде зеленчукот и овошјето се далеку поскапи во однос на минатата година. Домашниот буџет во наредниот период дополнително ќе биде оптоварен и со новата учебна година и грејна сезона, а граѓаните според експертите ги чека и поскапување на прехрабените производи од 25 проценти. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека со просечна плата од дваесетина илјади денари на еден жител во земјава потребни му се речиси 12.000 денари за минимално да
Се жалат луѓето што доаѓаат на пазаров, неможат да си купат, да си дозволат за зимница да си направат. Полн е пазарот, по два дена продаваме роба, стои па ќе се фрли, други години земале вреќи, сум носела гајби, вреќи се се продаваше, сега слабо
,,Се жалат луѓето што доаѓаат на пазаров, неможат да си купат, да си дозволат за зимница да си направат. Полн е пазарот, по два дена продаваме роба, стои па ќе се фрли, други години земале вреќи, сум носела гајби, вреќи се се продаваше, сега слабо."
,,Оваа година слабо, луѓето да се вработени ќе дојдат ќе купуваат, нема да штедат, ама сега се штеди, а тоа не е живот."
,,Со новите поскапувања се потешко и потешко, луѓето немаат пари, не се вработени и неможат да преживеаат со новите поскапувања."
Граѓаните велат дека ги очекува тешка есен и се жалат дека животот е се поскап, а платите се исти.
Тешко е бидејќи се е поскапено. Брашно беше една вреќа 500 денари, сега е 700 денари, тоа за посиромашните луѓе е проблем голем. Зејтинот беше 55-60 денари, сега е 80 до 90 денари, а може и поскап да биде
,,Тешко е бидејќи се е поскапено. Брашно беше една вреќа 500 денари, сега е 700 денари, тоа за посиромашните луѓе е проблем голем. Зејтинот беше 55-60 денари, сега е 80 до 90 денари, а може и поскап да биде. Државата треба да мисли за луѓето, повеќе луѓе се невработени отколку што се вработени."
,,Па најголем процент мислам дека е тешко, можеби за повеќе од 70 отсто од луѓето, затоа што се знае во просек колку е платата на обичниот граѓанин."
,,За основните работи да ги плати тешко со мали примања, тие што не се вработени исто така исто, така што нема излез."
Очигледно е дека цените се движат во нагорна линија, а стандардот е ист или пак се намалува и поради тоа во престојниот период ќе има удар врз егзистенцијата на граѓаните, вели професорот Христо Карталов.
,,Неизвесностите за можноста да се скрати семејниот буџет од месец на месец се се понеизвесни во ситуација кога цените одат во нагорна линија, а примањата стагнираат или се понеизвесни. Неможе да очекуваме повесели и посреќни денови."
Неизвесностите за можноста да се скрати семејниот буџет од месец на месец се се понеизвесни во ситуација кога цените одат во нагорна линија, а примањата стагнираат или се понеизвесни. Неможе да очекуваме повесели и посреќни денови
Поажарите во Русија предизвикаа пораст на цената на пченицата
Неизвесноста и стравот од поскапување почнаа да растат откако Русија, третата најголема светска житница, ги подзатвори границите за извоз на пченица, а цените на сировините растат на меѓународните берзи. Сето тоа ќе влијае врз цените на прехрабените производи. Професорот Зоран Ивановски вели дека неповолните состојби во светот ќе се одразат и врз земјава, која е увозно ориентирана, а најмногу на своја кожа промените ќе ги почуствуваат граѓаните:
,,Реално е да се очекува дека граѓаните во Македoнија ќе го осетат тоа на својот стандард во следните месеци септември, октомври, ноември... Јасно е дека и неповолните движења во светот предизвикани од високите температури, пожари, итн кои директно се рефлектираат на производството на храна, ќе предизвикаат директни последици на пазарот во Македонија."
Граѓаните велат дека секој кој од нив ќе ги крати трошоците онаму каде што смета дека е најлогично за да може да ги преброди економските проблеми.
,,Ќе се откажеме од помалку важни работи. Како на пример зимница спремање, ќе купуваме од ден за ден, од гардероба веќе се
Ќе се откажеме од помалку важни работи. Како на пример зимница спремање, ќе купуваме од ден за ден, од гардероба веќе се откажавме
,,Ќе гледаат од први до први да врзат крај со крај, а за зимниците ќе се подзаборави."
,,Ќе се скратат четири-пет пива во месецот ете тоа е, тоа е најлесно и најбезболно и што е најважно цигарите."
Владата оваа година согласно со законот за социјална заштита донесе програма за субвенционирање на граѓаните кои користат парична социјална помош, која ќе започне од први септември, вели Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика.
,,Граѓаните ќе добијат по 10 евра субвенција по однос на огревното дрво, дали се користат дрва, дали струја итн. Потоа, оние корисници ја парична помош што имаат деца добиваат одредена субвенција за училиште. Во тој дел превозот е бесплатен, учебниците се бесплатни, но ќе добијат одредена субвенција, надокната од 1000 до 1200 денари."
Според Миновски се развива и концептот на СОС продавници, иако сега засега тој позитивно се развива само во Скопје, бидејќи во внатрешноста нема доволно продавници, кои би ги покривале сите градови:
,,Корисниците на социјална помош добиваат соодветна картичка за докажување на истото и добиваат попусти на артикли, продукти, што ги набавуваат во овие маркети."
Ценовен шок и зголемена инфлација
Според економскиот аналитичар Висар Адеми трошоците на едно семејство веќе се зголемени со поскапувањето на парното, а
Ќе може да доведе до инфлација ако продолжи овој бран на поскапување. Ќе се намали потрошувачката на производи во Македонија и проектираниот раст од 1% на БДП се доведува во прашањe, затоа што што помалку трошиш, помалку растеш и импактот во тој бран поскапување е социјалната класа во Македонија која уште ќе осиромашува
,,Ќе може да доведе до инфлација ако продолжи овој бран на поскапување. Ќе се намали потрошувачката на производи во Македонија и проектираниот раст од 1% на БДП се доведува во прашањe, затоа што што помалку трошиш, помалку растеш и импактот во тој бран поскапување е социјалната класа во Македонија која уште ќе осиромашува."
Народна банка веќе предвиди дека инфлацијата во земјава може да достигне до два проценти. За Ивановски тоа се реални проекции и ваквите најави во наредниот период ќе станат реалност.
,,Деталната анализа што ја направи Централната банка од аспект на макроекономските индикатори во Македонија укажуваат дека државата може да се соочи со зголемување на цените, зголемување на стапката на инфалција во државата, како резултат на зголемени цени на прехрамбените продукти, енергетиката, трошоците за греење итн."
Министерот за економија Фатмир Бесими во интевју за Радио Слободна Европа вели дека инфлацијата произлегува од пазарните сили на нашата економија, а очекувањата според него се увезени од ситуацијата со пченицата и прехрабените производи во светот. Министерството е надлежно за надворешната трговија и преку таквата политика има малку простор за да се влијае на цените, вели тој.
Во светот и во Европа исто така цените на прехрамбените производи, на енергијата одат во нагорна линија, но тоа се случува на едно многу повиско ниво. Но, со просечни примања од 100 или 150 евра кај нас тие се многу поизразени, поизострени, подрастично ги погодува граѓаните
,,Тоа што може да направиме додека има нарушувања на пазарот кои се од привремен карактер и во рамките на Светската трговска организија, ние имаме инструменти на т.н. привремени мерки кои можат да влијаат на балансирање на понуда и побарувачка со цел да се елиминираат екстремните шокови што може да се појават во економијата. Било недостиг, било тоа да е ценовен шок."
Со исти плати тешко ќе се преживее
Проблеми со цените на енергенсите и прехрабените производи според Карталов речиси насекаде се идентични и во Европа и низ светот, но за разлика од нив во земјава тие потешко се доживуваат.
,,Во светот и во Европа исто така цените на прехрамбените производи, на енергијата одат во нагорна линија, но тоа се случува на едно многу повиско ниво. Но, со просечни примања од 100 или 150 евра кај нас тие се многу поизразени, поизострени, подрастично ги погодува граѓаните."
Владата мора да работи на зголемување на месечните примања на граѓаните додава Карталов.
,,Нашата да не кажам трагедија, но лоша состојба е во тоа што ние тоа неможе да го амортизираме со паралелниот пораст на примањата што на некој начин ќе амортизира тие удари што се случуваат на светкиот пазар.!
Како се живее во Македонија говори и фактот дека земјава не се најде на топ 100 листата на Њузвик. Според истражувањето Финска е најдобра држава за живот, по неа следат Швајцарија и Шведска, а од нашите соседи Хрватска се наоѓа на 28 место, после неа е Бугарија на 38, а Албанија е на 57 место, додека Босна и Херцеговина ја доживеаа нашата судбина. На листата на најдобри земји меѓу првите десет се наоѓаат дури четири скандинавски земји, што доволно говори за квалитетот на животот на тие простори. Критериумите според кои Њузвик ги рангираше земјите се образование, здравство, квалитетот на животот, динамиката на економскиот систем и политичкото опкружување.