Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, Македонија е делумно слободна земја во поглед на заштитата на работничките права.
Македонија е делумно слободна земја во поглед на заштитата на работничките права, се констатира во последниот извештај на „Фридом хаус“. Согласно методологијата на оваа организација, во делумно слободните земји, начелно се почитуваат стандардите на Меѓународната трудова организација, но законите селективно се применуваат. Македонија е во иста категорија со Албанија, Босна и Херцеговина и Косово од земјите во регионот, и Киргистан, Грузија и Молдавија од земјите во светот. Во поглед на заштита на работничките права, пред нас се Бугарија, Црна Гора, Србија и Украина.
Професорот по трудово право Здравко Савески вели дека се согласува со оценките на меѓународната организација, додавајќи дека проблемите со синдикалното организирање во Македонија ги согледува и во притисоците врз работниците, но и во неактивноста на синдикатите:
„Она што потфрлаат нашите синдикални организации, е тоа што не се активни на теренот, значи не одат по фирмите, по претпријатијата, каде што има не организирани работници, да им кажат што значи синдикално да се органзиираат и како тоа да го направат.“
Во Македонија, работодавачите се видно повлијателни од синдикатите, додава Савески:
„Помеѓу работниците и работодавците, помоќната страна се работодавците во Македонија и затоа и меѓу другото е и потребата од формирање на синдикат, бидејќи самиот работник наспроти работодавецот е нормално слаб, но ако е формиран синдикат тогаш заедно се посилни.“
Од синдикалните организации, пак, велат дека негативните елементи во извештаите на странски организации се должат, меѓу другото, и на проблематизирањето на Законот за работни односи. Претседателот на Унијата на независни синдикати Слободан Антовски вели дека токму структурата на законот и сите забелешки се земаат предвид кога странските организации гипроценуваат состојбите во земјава:
„Тие сигурно го елаборираат комплетно законот, го имаат пред нив и ставаат забелешки на одредени членови што се вметнати во законот, укажано е на тоа дека во самиот закон има доста спротивности со директивите на ЕУ.“
Конкретен пример за проблематична одредба во изменетиот Закон за работни односи е пререгистрацијата на организациите, посочува Антовски:
„Најмногу не вознемири делот каде што се направи повторна регистрација на синдикатите, каде што имаше укажување зошто да се регистрираме, кога ние веќе сме регистирани, значи не се синдикатите изумрени па да има повторна регистрација.“
Она што потфрлаат нашите синдикални организации, е тоа што не се активни на теренот, значи не одат по фирмите, по претпријатијата, каде што има не организирани работници, да им кажат што значи синдикално да се органзиираат и како тоа да го направат.
Професорот по трудово право Здравко Савески вели дека се согласува со оценките на меѓународната организација, додавајќи дека проблемите со синдикалното организирање во Македонија ги согледува и во притисоците врз работниците, но и во неактивноста на синдикатите:
„Она што потфрлаат нашите синдикални организации, е тоа што не се активни на теренот, значи не одат по фирмите, по претпријатијата, каде што има не организирани работници, да им кажат што значи синдикално да се органзиираат и како тоа да го направат.“
Во Македонија, работодавачите се видно повлијателни од синдикатите, додава Савески:
„Помеѓу работниците и работодавците, помоќната страна се работодавците во Македонија и затоа и меѓу другото е и потребата од формирање на синдикат, бидејќи самиот работник наспроти работодавецот е нормално слаб, но ако е формиран синдикат тогаш заедно се посилни.“
Од синдикалните организации, пак, велат дека негативните елементи во извештаите на странски организации се должат, меѓу другото, и на проблематизирањето на Законот за работни односи. Претседателот на Унијата на независни синдикати Слободан Антовски вели дека токму структурата на законот и сите забелешки се земаат предвид кога странските организации ги
Укажано е на тоа дека во самиот закон има доста спротивности со директивите на ЕУ.