Манипулации со државното земјиште

Опозицијата обвинува за малверзации во центарот на градот

Дел од градоначалниците обвинуваат за манипулации со државното земјиште од страна на власта.
Обвинувањата за злоупотреба на земјиштето во државна сопственост, и демантите од власта го актуелизираат прашањето: Дали државата е детерминирана да го искористи периодот до јануари 2011 за да ги затвори сите отворени зделки, пред да им го предаде управувањето со државните парцели на локалните власти? Градоначалникот на општина Арачиниово од опозициската Нова демократија Бестри Бајрами вели дека власта сака да го искористи времето до Нова Година за да ги комплетира своите планови за
И веројатно има време до 1 јануари да се направат
злоупотреби.
најатрактивните локации.

„И веројатно има време до 1 јануари да се направат злоупотреби.“

Со сличен впечаток и градоначалникот на Куманово од СДСМ Зоран Дамјановски:

„Овој термин дава можност да во овој период од една година и повеќе, а и досега беше пракса, поатрактивни и поубави локации да бидат во овој период изменаџирани од Министерството за транспорт и врски.“
Навистина си ги завршува своите обврски во поглед на продажбата, ги продава електронски на тендерска аукција, впрочем и со измените на законот и префрлувањето на надлежностите и ние исто така како општини на тој начин ќе го продаваме
земјиштето.


Градоначалникот Бајрами дополнително забележува дека и со предлог измените на Законот не им се доделува во целост државното земјиште на општините:

„Ова не е децентрализација. Значи, ви давам јас нешто само на користење, а фактички не е сопственик на земјиштетото локалната самоуправа. Исто така таму се наведува некој друг закон дека во секој момент Министерството за транспорт и врски да ги земе ингеренциите за урбанизам.“

Градоначалникот на скопската општина Аеродром од владеачката ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски, од друга страна, смета дека тековно Министерството за транспорт и врски добро ги координира своите планови со локалните власти, во согласност со Деталните урбанистички планови.

„Навистина си ги завршува своите обврски во поглед на продажбата, ги продава електронски на тендерска аукција, впрочем и со измените на законот и префрлувањето на надлежностите и ние исто така како општини на тој начин ќе го продаваме земјиштето. Имаме досега многу позитивни примери за тоа.“

Инаку, од опозицијата деновиве повторно обвинија за малверзации со градежното земјиште позади трговскиот центар Рамстор во главниот град на земјава.