Старт на учебната година

Почнува новата учебна година

Почнува учебната 2010/2011 година. 23.000 првачиња од вкупно армијата 300 илјади деца на 1 септември ќе треба да седнат на училишните клупи во основните и задолжителните средни училишта. И оваа учебна не почнува без проблеми. Навикнати сме, велат децата и нивните родители.


Среда, Први септември е ден кога училишното ѕвоно во сите градови ќе го означи почетокот на новата училишна година која на некои ќе им биде повеќе или помалку успешна, но извесно е дека самиот почеток на сите ќе им биде возбудлив. Во клупите за првпат се очекува да седнат околу 23 илјади првачиња. Една од нив е пет и пол годишната Неда:
Со нетрпение го чекам утрешниот ден да ја запознаам мојата нова учителка и многу нови другарчиња


,,Со нетрпение го чекам утрешниот ден да ја запознаам мојата нова учителка и многу нови другарчиња."

Но, со новата учебна година почнуваат и грижите на родителите околку набавката на учебниците и помагалата. Овој пат снабдувањето со книги се чини ќе биде понеорганизирано поради тоа што за нивниот квалитет имаше многу забелешки. Поради тоа што некои едвај го издржаа читањето ќе се ревидираат. Средношколците и основците ќе добијат бесплатни учебници, но останатите наставни сретства како пропратниот прибор се купувааат во книжарниците. Училиштата ретко се определуваат за еден издавач, па во
Работните ги купуваме. Секој наставник мисли дека неговиот предмет е најважен и дека мора да има незнам каква опрема, незнам какви книги... Така што ќе видиме колку ќе не чини
пракса е тешко да се пресмета сумата.

,,Не се сите учебници дадени."

,,Работните ги купуваме. Секој наставник мисли дека неговиот предмет е најважен и дека мора да има незнам каква опрема, незнам какви книги... Така што ќе видиме колку ќе не чини."

,,Најмалку 2000 ќе чини, еден ученик. Тетратки, работни тетратки, прибор за училиште."

Во училишните клупи ќе се вратат околу 306 илјади ученици од кои 212 илјади основци и 94 илјади средношколци. Ги нема долгите редови пред книжарниците кои траеја неколку недели пред почетокот на школската година, но сега проблеми се очекуваат по почнувањето на школската година:

,,Многу доцна ни дојдоа учебниците лани, а некои дојдоа после три месеци додека некои и воопшто не дојдоа. Информатика не дојде воопшто."
Училиште во Куманово

Настрана од ова, голема радост е и за семејствата дека децата почуваат нов живот почнуваат да се образуваат, да сретнуваат другарчиња и да го тераат својот пат кој ќе ги води во иднината. Ваков акцент особено се става во семејставата кои имаат првооделенчниња, како што е тоа на Неда:

,,Инаку сигурно претставува и оптеретување на буџетот, но сето тоа родителите го планираат и мислам дека не е толку тешко да се одвои средства за прваче."

Инаку за сите ученици е обзебеден бесплатен превоз, а родителите кои нема да ги запишат децата во средно треба да платат казна од илјада евра зашто средното образование е задолжително годинава.