Проблемите во Македонија имаат повеќе врска со недостигот на напредок во решавањето на проблемите со името на земјата, како и со имплементацијата на Охридскиот договор, отколку со српско косовскиот конфликт. Ова за Радио Слободна Европа го вели Сабина Фрејзер, директорка на Меѓународната кризна група за Европа, а во врска со можните последици од евентуалната договорена размена на територии меѓу Белград и Приштина.
Во врска со регионалните консеквенци од евентуланата договорена размена на северот на Косово за Прешевската долина, односно разорните ефекти што тоа би ги имало пред се во Македонија и во Босна и Херцеговина Сабина Фрејзер вели:
,,Ние порано укажувавме на негативните последици од територијалната размена во Македонија и Босна и Херцеговина. Но, наодите во нашите последни истражувања покажуваат дека проблемите во овие две земји се од локална природа, односно дека не се во никаква врска со српско косовскиот конфликт. Во тоа не уверија интервјуата што ги правевеме во Македонија, посебно со тамошните албански лидери. Проблемите во Македонија имаат повеќе врска со недостигот на напредок во решавањето на проблемите со името на земјата, како и со извесните потешкотии во имплементацијата на Охридскиот договор.,,
вели Сабина Фрејзер од Меѓународната кризна група во интервјуто со нашиот новинар Бранка Тривиќ.
Таа наведува дека тим на Меѓународната кризна група директно работел на Балканот, значи во Србија, на Косово.
,,Забележавме дека српските претставници во последно време користат прецизна терминологија и велат дека нема да ја признаат едностраната декларација за независност на Косово,, Според неа, со тоа тие оставаат простор за претпоставка дека би можело да прифатат договорена независност на Косово.
,,Морам пред се да кажам дека таа идеја не е општоприфатена ниту за неа јавно се зборува во владите на Србија и на Косово. Напротив има многу луѓе кои ја отфрлаат. Второ, ова е само почеток на приказната за преговори и можеби со време, ќе има поголема подготвеност па дури и за можноста за територијална размена.,,
Фрејзер вели дека Меѓународната кризна група имала контакти и со Вашингтон и Брисел и оти притоа не била добиена општа поддршка за територијалната размена.
,,Меѓутоа во Вашингтон и во Брисел недвосмислено ни соопштија дека ќе поддржат такво решение до кое спогодбено би дошле Приштина и Белград. Ако притоа се договори и територијлната размена, нтогаш меѓународната заедница нема да им стои на патот.,,
Изјави директорката на Меѓународната кризна група за Европа Сабина Фрејзер за Радио Слободна Европа

Проблемите во Македонија имаат повеќе врска со недостигот на напредок во решавањето на проблемите со името на земјата, како и со извесните потешкотии во имплементацијата на Охридскиот договор.