Иранскиот парламент се подготвува да расправа за Законот за заштита на семејството со кој на мажите им се дозволува да имаат повеќе жени без за тоа да добијат согласност од нивните претходни сопруги. Организациите за заштита на правата на жените го критикуваа законот.
Го нарекуваат закон за заштита на семејството, но попознат е како антисемеен закон. Организациите за заштита на женските права велат дека со овој закон што уште во 2007 година го предложи кабинетот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад се отвора патот за полигамија, се нарушува семејната структура и се уназадуваат правата на жените во земјата. Поддржувачите пак велат дека законот е враќање кон исламистичките принципи и ги брани правата на жените кои поради разни причини не можат да се омажат. Според исламистичкиот закон кој се спроведува во Иран, мажите можат да имаат до четири сопруги. Но, полигамијата не е раширена во земјата и многумина граѓани ја осудуваат. За новиот закон требаше да се гласа и пред две години, но по тогашните протести тој беше повлечен, на што се гледаше како на голема победа на активистите за заштита на правата на жените.
Ако е жената болна, може уште една
Еден од најоспоруваните е членот 23 од законот во кој се вели дека бракот со следната постојана сопруга би требало да биде одобрен од судот откако ќе се докажат финансиската спосопбност и заложбата на мажот да биде праведен меѓу своите жени. Асаи Амини, иранска активистка вели дека овој член сега бил дополнет со уште десетина услови со што законот станува уште подискриминирачки. Така се предвидува дека маж може да земе нова жена ако претходната била болна или станала стерилна.
“Што ако мажот е стерилен или веќе не е секусално способен или пак го напушти домот. Што тогаш станува со неговите жена и деца? Всушност законот е пишуван во полза на сексуланите и морални чувства на мажот, а не во полза на семејството”.
И иранската добитинчка на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади вели дека со законот се охрабрува полигамијата.
“Тој ја присилува жената да ги сподели нејзиниот брак и нејзините чувства со друга жена, а на нејзе не и дадена ни можноста да се разведе од сопругот”.
Вели Шибади. Иранските активистите за правата на жените велат дека добро знаат зошто сега повторно е актуелизиран ваквиот закон, поголема контрола врз жените. Но, токму тоа, според нив, ќе предизвика спротивен ефект:
“Во изминатата година, присуството на жените на протесните акции, особено на оние по контроверзните претседателски избори, беше поголемо од она на мажите. Ако иранските власти се интелигентни тие никогаш нема да ја активираат лутината која со години се собира во женските срца”.
Вели адвокатот за човекови права во Техеран Насрин Сотоудех.