Без напредок во политичкиот дијалог

Собрание на РМ

Немањето политички дијалог и штети на државата, но засега партиите не покажуваат волја за решавање на ситуацијата.
Собранискиот разговор на глуви продолжува. И власта и опозицијата пасивно очекуваат потег од другата страна. Истовремено политичкиот дијалог како акутна тема во однос на прашањето за името и на евроинтеграциите, прогнозираат експертите ќе биде основиот критериум по кој ќе бидеме оценети во есенскиот извештај. Засега двете страни се согласни дека одржување статус кво би и
Очекувам најитно што може колегите од опозицијата да се вратат на координациите кај претседателот на Собранието и таму да ги решаваме сите прашања коишто се отворени од нивна страна.
штетело на државата особено пред објавувањето на есенскиот извештај за напредокот. Сепак, на првиот работен ден ни една од страните не покажа сигнали за приближување.

Опозицијата сеуште не се враќа на координациите кај собранискиот претседател
„Очекувам најитно што може колегите од опозицијата да се вратат на координациите кај претседателот на Собранието и таму да ги решаваме сите прашања коишто се отворени од нивна страна, да видиме кои барања ги имаат, што треба да разговараме и тоа е единствениот начин. Преку медиумите не се постигнува никакво усогласување на ставовите“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Од опозицијата, пак, велат дека политичка волја веќе покажале и дека не треба да се очекува од нив да се вратат на редовните координации се додека власта не направи некаков конкретен потег во врска со нивните барања.

„Мислам дека сета оваа ситуација не е добра, мислам дека повикувањето на претседателот на редовни консултации, без притоа да се направи некаков чекор за враќање на опозицијата на координациите, не е добра. Очекуваме да се направи некаков потег“,
Мислам дека сета оваа ситуација не е добра, мислам дека повикувањето на претседателот на редовни консултации, без притоа да се направи некаков чекор за враќање на опозицијата на координациите, не е добра.
изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова.

Усогласувањето запна околу барањето на опозицијата да се формира комисија којашто ќе го контролира трошењето на буџетските пари. Не бегаме од тоа, но во која форма ќе се одвива-поткомисија, комисија или работна група е неважно велат од власта. Евидентно е дека на ваков начин одржуваат статус-кво во политичкиот дијалог коешто не е исклучено да им одговара и на двете страни, анализира
политикологот Петар Арсовски.

„Власта, затоа што на тој начин, има изговор за недостаток на прогрес, а опозицијата затоа што така може да ја напаѓа власта континуирано за недостаток на истиот тој напредок.“

Сето ова покажува дека политичките партии водат сметка само за својот интерес на сметка пак на угледот во круговите на ЕУ, додава аналитичарот Махи Несими. Од друга страна тука е и спорот за името кој опозицијата не би сакала да дојде во ситуација да го решава.

„Само од тоа што по секоја цена сака тоа да го реши позицијата, односно сегашната власт, бидејќи, за волја на вистината, ВМРО-ДПМНЕ го изостри тој проблем до такви размери“, вели Несими.