Владата најави ново задолжување со кредит од ММФ, но во исто време не се откажува од проектот Скопје 2014. Двата лава поставени на мостот Гоце Делчев.
Бесмислено и нелогично е инсистирањето на Владата да продолжи со реализацијата на проектот Скопје 2014 година, а воедно да се задолжува во странство и да не им ги враќа парите на компаниите, велат граѓаните и експертите. Последни во низата споменици кои се поставија низ Скопје се скулптурите на двата лава на мостот Гоце Делчев, а деновиве ќе бидат поставени уште два лава. Во меѓувреме владата најави дека ќе повлече 75 милиони евра од ММФ, а парите ќе ги потроши на враќање кредити во странство и финансирање на буџетскиот дефицит, а не на долгот кон стопанството. Во време на беспарица според граѓаните владата и натаму гледа да ги оствари своите идеи, без да помисли на народот.
„Тоа не е убаво, затоа што народот страда, а тие трошат народни пари.“
„Јас мислам дека водат погрешна политика со тоа. Најлесно е да се раководи со сиромашен народ, слаб народ.“
„И тие ’комунистите‘ и овие, волци, волци...“
„Ги наполнија џебовите и ред други работи се прават, а граѓаните леб немаат да јадат.“
Владата, со проектот Скопје 2014, сака да го зацементира кај граѓаните мислењето дека таа нешто направила за земјата и дека тоа е многу видливо и очигледно, вели професорот Христо Карталов. Форсирањето на проект кој не е економски исплатлив во време на криза и голема задолженост е ирационална политика, вели тој.
„Во економијата секој пат кога имате средства, поаѓате од средствата и плановите, но сепак се прави приоритет со тие средства што може да се направи и што ќе донесе поголем ефект, поголеми благодети. Потребите се поголеми, отколку што се можностите. Жално е што и премиерот, а и голем број други луѓе таму се економисти, но не ја перцепираат економската логика.“
Од опозициската СДСМ сметаат дека со двата милиони евра кои биле потрошени за скулптурите на лавовите и кои ќе ги платат граѓаните од свој џеб, владата можела да го реши проблемот со млекарите и да реновира две болници.
Тоа не е убаво, затоа што народот страда, а тие трошат народни пари.
„Тоа не е убаво, затоа што народот страда, а тие трошат народни пари.“
„Јас мислам дека водат погрешна политика со тоа. Најлесно е да се раководи со сиромашен народ, слаб народ.“
Јас мислам дека водат погрешна политика со тоа. Најлесно е да се раководи со
сиромашен народ,
слаб народ.