Што ќе понуди медијаторот Нимиц? Според дел од експертите додавката Вардар може да биде основа за решение на спорот.
Најверојатно двете страни во спорот за името имаат големи очекувања од новата рунда преговори под медијаторство на посредникот Метју Нимиц на која се најавува тој да достави ново компромисно име, коментираат експертите. Истовремено, како што велат, позициите и во Скопје и во Атина и натаму се исти, па не може да се шпекулира дека сето тоа ќе доведе до конечно решение. Компромисот според сите досегашни изјави постои како опција и кај претседателот и кај премиерот, анализира професорот Димитар Мирчев, но рано е да се анализира и видот и опсегот на неговата употреба.
Заштитата на идентитетот како што вели, останува приоритет за потезите од наша страна. Доколку стане збор за прифатлива додавка, додавка во заграда со дури и географска одредница тоа би ја постигнало заштитата на идентитетот и таа би била прифатлива и за севкупна употреба, додава Мирчев.
,,Тоа би било добро ако ние прифатиме додавка во заграда или пак пред Република."
Аналитичарот Алберт Муслиу е на мислење дека додавката Вардар којашто се пласира во јавноста е нешто што би поминало со најмалку штетни последици по партиските рејтинзи:
,,Мислам дека оваа опција со Вардарска е прифатлива затоа што тој термин се користел и внатре кај нас веќе подолго време. Од сите тие лоши опции, неприфатливи, јас мислам дека со додавката Вардарска или Вардар, тоа решение би направило најмалку штета."
Во оваа насока, вели Муслиу, доколку се реши на компромис и на поголем број отстапки, власта ќе ја користи и лошата економска состојба за да го оправда таквиот чекор и да го сочува својот рејтинг. И покрај тоа што не се изјаснува против компромис, сеуште нема јасни сигнали дека премиерот би бил подгоптвен на таков чекор. Од опозицијата велат дека тие натаму не располагаат со никакви информации околу тоа и нема да коментираат шшпекулации пласирани преку медиумите.
,,Но, ние немаме никакви информации за она што се случува, така што не би си дозволиле да даваме коментари врз основа на информации во медиумите." вели Андреј Петров од СДСМ.
Грчки ,,Катимерини" објави дека во моментов двете страни се под зголемен меѓународен притисок да најдат решение за спорот пред самитот на НАТО во Лисабон.