Ликовна колонија ,,Куманово“

Ликовна колонија Куманово

Меѓународната ликовна колонија „Куманово“ по четврти пат се одржа во комплексот на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Прекрасната природа, климата, составот на творците собрани на едно место ќе остават значаен белег во ликовната уметност, велат десетина академски сликари од Македонија, Србија и Бугарија, учесници на десетдневната традиционална 34-та Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ која четврти пат се одржува во комплексот на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Ова е една од трите најстари македонски колонии во организација на Галеријата при Музејот од Куманово.
Јас сум еден од основачите на кумановската колонија која се одржуваше во Прохор Пчињски и претседател сум на Уметничкиот совет.Чинам дека местото е прекрасно,а се трудиме секогаш да собереме повеќе добри уметниви и да се дружиме


„Јас сум еден од основачите на кумановската колонија која се одржуваше во Прохор Пчињски и претседател сум на Уметничкиот совет.Чинам дека местото е прекрасно,а се трудиме секогаш да собереме повеќе добри уметниви и да се дружиме.“

Вели академскиот сликар Нове Франговски. Можете ли да направите паралела помеѓу амбиентот во Прохор Пчињски и Пелинце?

„Не може да се сублимираат двете нешта, зашто амбиентот во Прохор Пчињски беше поинаков. Но, добро е што уметниците овдека умеат да се спојат меѓусебе. Таму не спојуваше архитектурата, црквата, фреските и таа црква делуваше необјасниво на нас уметниците. Таа црква е тајна,таа е семоќна. А овде има една широчина.Овде трчаме кон нешто ново, освојуваме нови техники, нови начини, да се дружиме и со помладите и со постарите. И многу ми е мило што Пелинце станува еден добар културен центар. Условно блакански, а се надевам ќе прерасне и во интернационален.“ Смета Франговски.

изложба

Александар Прибичевиќ од Белград, Србија кого за Македонија, особено за Куманово го врзуваат емоциите и спомените на четири години од детството забележува:

„Ова овдека е во близина на светиња, природата е прекрасна и луѓето исто така. Делува инспиративно.“

Академскиот сликар Румен Жеков од Пловдив,Бугарија за Македонија го врзува долгогодишното пријателство со Франговски додава дека е импресиониран од условите:

„Секогаш сум се стремел кон тоа да имам добри услови за творење,оти како студент многу се мачев. Прекрасно е кога се создава слика која не е „лесна“, туку има тежина и сила, кога е вдахновена. Како кај Рубенс, а овдека и околината е чудесна и климата е фантастична.“

Своето воодушевување не го крие ниту црногорскиот сликар Миомир Мемиќ, кој во конските глави го проектира својот лик:

„Составот на уметниците е таков што никој на никого не наликува, нема иста поетика и колекцијата ќе биде вонсериска.“

А за Мирјана Крстева Масети Пелинце овозможува:
Колоритот ме избра мене, а не јас него. Се сликам себеси.Прекрасно е овдека


„Имам шокантни колоритни изјави. Колоритот ме избра мене, а не јас него. Се сликам себеси.Прекрасно е овдека.“

И кумановскиот сликар Трајан Трајковски додава:

„Крајот ме импресионира. Поткозјачието.“

Перо Величковски кустос во Галеријата во Куманово која е организатор вели:

„Составот е таков што квалитетот може да се движи по нагорна линија. По 1989 година кога последен пат колонијата се одржа во Прохор Пчињски се вративме на изворот, во неговата близина.“